Децата ги обожаваат ритуалите пред спиење, како на пример стуткувањето под јорган, пиењето вода, добивање бакнеж за добра ноќ и особено слушањето приказна за добра ноќ. Во Америка е спроведено истражување во кое се вели дека само 53% од американските деца, два до три пати неделно слушаат приказни за добра ноќ. Овој опаѓачки тренд да им се чита на децата пред спиење е во пораст и во поголем дел од остатокот од светот.
Многу е важно да им се чита на децата додека се дома, затоа што тоа помага да се претворат во луѓе кои ги обожаваат книгите и тоа на три различни начини.

Прво, читањето со детето дома промовира чувство на блискост помеѓу родителот и детето. Блискоста му помага на детето да стане поинтелигентно и да искуси чувства на среќа и задоволство. Како што расте детето, тоа чита за повторно да ги искуси тие чувства на блискост и задоволство од самото читање, чувства кои го одбележале неговото детство.
Второ, кога родителите им читаат на своите деца, децата стануваат посмирени и не се толку хиперактивни. Да му се чита на мало дете е лекција за детето да научи да се фокусира на една задача во подолг временски период.
Кога ќе пораснат, овие деца повеќе ќе читаат за да се опуштат по долг и напорен ден. Колку е подолго вниманието и фокусот на една задача, толку попријатно ќе им биде и читањето. Во контекст на ова, огромна е разликата помеѓу децата на кои им било читано кога биле мали и на оние на кои не им било читано.
Трето, децата кои ги слушаат своите родители како им читаат, се учат уште од мали нозе дека читањето е забавно. Со текот на времето, тие со нетрпение чекаат да ја слушнат својата приказна за добра ноќ и не гледаат на читањето како некоја страшна обврска. Кога овие деца ќе започнат да одат на училиште, тие веќе ќе уживаат во читањето и нема да им делува како некоја страшна и напорна работа која мораат да ја завршат.
Со тоа што им читаат на децата, родителите им помагаат да станат попаметни и да имаат одлични резултати во училиште и тоа во повеќе аспекти како броење, препознавање на буквите од азбуката и воедно да покажуваат одлични логички и когнитивни способности, барем според Raise Smart Kids.
Еден од најдобрите подароци кои родителите можат да му го дадат да своето дете е љубовта кон читањето.
