Книгите со корици повторно се таму каде што припаѓаат – на врвот!

Кога започна новиот тренд со е-книги, многумина стравуваа дека тоа го означи почетокот на крајот за печатените книги. И неколку години тоа изгледаше дека е така. Продажбата на е-книги и е-читачи скокаше драматично, додека пак продажбата на печатени книги започна драматично да паѓа.

Но, во изминативе две години, работите почнуваа да се менуваат. Весникот „Гардијан“ направи една интересна анализа за ситуацијата во Велика Британија.

Во неа се вели дека печатените книги се повторно на врвот, но и дека нивното враќање на голема врата можело да се претчувствува уште од фактот дека продажбите на Киндл значително опаѓале уште од 2011 година, додека пак Сони ги укина нивните  е-читачи, а Амазон ја отвори првата физичка книжарница, итн.

Stack Of Books

Официјалното Здружение на издавачи во Велика Британија го потврди овој тренд. Во изминатата година, продажбата на е-книги паднала од 563 милиони фунти на 554 милиони фунти, додека пак печатените книги доживеале преродба и нивната продажба се зголемила од 2.74 милијарди на 2.76 милијарди фунти.

Здружението на издавачи вели дека читателите уживаат во книга со корици, задоволство кое едноставно не е исто кога во прашање се дигиталните книги. Виртуелните книги, како виртуелните одмори и виртуелните врски, едноставно не се реални. На луѓето понекогаш им е потребен одмор од екраните, какви и да се.

Самото купување, земање, давање и зборување за кнгите изгледа дека ја фати магијата на искуството. Книгата е убавина. Книгата е полица, ѕид, дом.

Книгата ја прогласија мртва кога се појави радиото. Книгите со тврд повез рекоа дека ќе умрат со појавата на книгите со мек повез. Книгите ќе бидат избришани со појавата на е-книгите. Глупости, чисти глупости. Дигиталните книги внесоа иновативност за дисеминацијата на знаењето. Но, тие се средство, а не цел сама по себе.

Уште од времето на Гутенберг, печатените книги се покажаа како долговечни. Старите борци надминаа уште еден предизвик.

Доколку сакате да го прочитате целосниот текст, тоа можете да го направите тука.

Leave a comment