Како што веќе знаете, одвреме-навреме постирам македонска поезија, затоа има многу поеми коишто заслужуваат да бидат споделени. За денес ја избрав „Во тишината“ од Цане Андреевски. Ви посакувам преубав ден!
Во тишината – Цане Андреевски
Понекогаш е толку тихо
во полето на нашето чувствување,
и како ветки есенски, оголени
стрчиме без тревожното бранување.
Умората ги дипли своите пласје
врз крилјата на нашите лудувања,
тишината со здивот свој ги гаси,
ги ништи и најмалите жеднувања.
И боли таа тишина несакана
со тоа спокојство натежнато и камено,
па тогаш пчела сум – во мракот изгубена,
скаменета во својата осаменост.

