Кои се најдобри градови за љубителите на книги?

Книжарниците и библиотеките се многу важен дел од животот на секој љубител на книги, па затоа и нивната достапност, односно распространетост е многу важна.

Светскиот форум за култура на градовите секоја година собира информации за тоа како луѓето ширум светот уживаат и доаѓаат во допир со културата. Оваа организација зема превид различни фактори од типот: колку видови места за видео игри има или колку карти за кино се продаваат на годишно ниво.

Форумот секоја година ги замолува градовите да дадат оцена за културните институции и културно конзумирање во градот на годишно ниво, вклучувајќи ги и информациите за тоа каде луѓето можат да најдат книги.

books

Во изминативе две години, 18 градови дале извештај за тоа колку книжарници имаат, а 19 градови известиле за бројката на јавни библиотеки.

Хонг Конг е прво место на листата на градови со најмногу книжарници по глава на жител со 21 книжарница на 100.000 жители, иако во 2013 година Буенос Аирес водел со 25 книжарници. Следни на листата се Тајпеј со 17.6 книжарници на 100.000 луѓе, а Мадрид, Шангај и Торонто ја комплетираат листата со топ 5 градови кои имаат најмногу книжарници по глава на жител.

Погледнете ја табелата со целосната листа за градови со најмногу книжарници:

Рангирање Град Книжарници на 100,000 луѓе Година кога е поднесен извештај
1 Хонг Конг 21 2014
2 Тајпеј 17.6 2014
3 Мадрид 16 2014
4 Шангај 16 2014
5 Торонто 13.9 2015
6 Њујорк 10 2015
7 Сиднеј 9.4 2015
8 Париз 9 2015
9 Сеул 9 2015
10 Остин 8.2 2015
11 Мелбурн 8 2015
12 Шензен 6.6 2014
13 Амстердам 6 2014
14 Москва 5 2014
15 Лондон 4 2015
16 Стокхолм 3.2 2014
17 Сингапур 3 2014
18 Истанбул 1 2015

Кога станува збор за библиотеките, работите се малку поразлични. Тука води Единбург кој има 60 библиотеки на секои 100.000 луѓе. Дури и кога ќе се вратите неколку години назад, ќе видите дека Единбург и тогаш убедливо водел пред сите други. Има околу 300 библиотеки, а има околу 500.000 жители. Како за споредба, Хонг Конг исто така има околу 300 библиотеки, но има околу 7 милиони луѓе.

Во продолжение погледнете ја табелата:

Рангирање Град Број на библиотеки на 100.000 луѓе Година кога е поднесен извештај
1 Единбург 60.5 2015
2 Варшава 11.4 2014
3 Брисел 10 2015
4 Париз 9.2 2014
5 Сеул 6 2014
6 Шензен 5.9 2014
7 Виена 5.9 2014
8 Хонг Конг 4.2 2015
9 Лондон 4.2 2014
10 Москва 4.2 2014
11 Торонто 3.9 2015
12 Мелбурн 3.4 2015
13 Амстердам 3.3 2014
14 Сиднеј 3.3 2015
15 Њујорк 2.7 2015
16 Тајпеј 1.8 2014
17 Рим 0.8 2014
18 Сингапур 0.5 2014
19 Истанбул 0.4 2014
20 Дубаи 0.3 2015

Со оглед на тоа дека градовите самите ги прават извештаите, многу е тешко да се определи која е точната дефиниција за книжарница, со оглед на тоа дека понекогаш и парфимерии, супермаркети и локални продавници продаваат книги. Ивон Ло, која работи како координатор во Форумот, вели дека тие се потпираат исклучиво на информациите кои ги дават градовите.

Извор.

****

Интересна статистика, можеби во иднина би можеле да добиеме слични податоци и за Македонија или барем за одредени градови во Македонија. Би било интересно да се споредат податоците со останатите светски градови.

Leave a comment