Фјодор Достоевски е едно од најголемите книжевни имиња на сите времиња. За неговата безвременост е кажано толку многу, а сепак сè уште сакаме да дознаваме повеќе за него. Случајно налетав на еден многу интересен текст на веб страната „Париз Ривју“, па решив да го споделам и со вас, верувам дека ќе ви се допадне и уште повеќе ќе ве заинтригира личноста на Достоевски.
Прочитајте го текстот на македонски јазик, а на крај можете да го кликнете линкот кој води до оригналната статија на англиски јазик.

Неколку факти:
~ Во период од 4 години, секој ден носел окови од 2 килограми околу своите зглобови.
~ Ова се случувало во затворски камп во Омск каде служел казна во форма на тежок труд откако бил осуден за противдржавно делување затоа што бил дел од револуционерна група посветена на ослободување од кметовите и слобода на печатот.
~ Седум месеци по неговото апсење, тој бил затворен во самица во затворот „Петар и Павле“ на реката Нева, а прозорецот од неговата ќелија била измачкана со мрсна паста за да ја спречат дневната светлина да допира до ќелијата.
~ Едно утро, тој без никаква најава бил однесен на плоштадот „Семујонов“ каде што му била дадена т.н „бела маица за смрт“, која ја облекол и му било дозволено да го бакне крстот. Тој бил во линијата за егзекуција и додека чекал да умре, само неколку минути пред да го стрелаат, дошло соопштение дека царот решил да ги поштеди животите на затворениците. Наводно ова било планирано уште од самиот старт.
~ На пат кон затворскиот камп, тие запреле да преноќат во Тоболск, каде градското ѕвоно било пратено во егзил, осудено поради тоа што ѕвонело за противдржавни цели. Казната за тоа било вечен молк.
~ Во Тоболск тој сретнал маж кој бил прикован за ѕид. Тој бил прикован таму цели осум години. Оковот бил долг 2 метри и се влечел од местото каде што била поставена неговата пелета за спиење. Човекот секој ден шетал од местото каде што спиел до ѕидот и назад. Тој рекол дека не му пречело тоа. Покажал на местото каде што оковот бил прикачен на неговата долна облека и која била најудобната позиција за спиење. Кога зборувал, неговиот глас бил тивок и малку ш’шкал. Тој кажал дека порано бил владин службеник.
~ Неговите епилептични напади започнале во Омск. Тие најчесто се случувале еднаш до двапати месечно. Понекогаш, иако ова било ретко, двапати дневно добивал напади. А понекогаш се случувало и по четири месеци да нема напади. По секој напад нешто во него страдало. Зборовите станувале потешки за изговарање или биле мумлани. Некогаш тоа траело неколку дена, некогаш една недела.

~ Речиси четири години не му била дозволена ниту една книга за читање, освен Библијата.
~ Млад чувар во затворот по неколку години го опишал со следните зборови: „Чуден, неподвижен, тивок… неговото бледо, тенко лице со боја на земја беше покриено со темноцрвени дамки.“
~ Тој подоцна во „Куќа на мртвите“ се присеќава на овие моменти: „Гледам во нивните бледи лица, во нивните сиромашни кревети, во сета оваа непремостлива голотиија и сиромаштија. Јас зјапам како да сакам да се осигурам дека тоа не е продолжение на некој изобличен сон, туку реалноста. Но, тоа е реалноста: Слушам како некој вреска, како некој силно ги фрла своите раце и чука со оковите.“
~ Излегол по 10 години и во писмо до својот брат тој напишал: „Ова се белешки од непознат човек“.
~ Тој компулсивно се коцкал во Петерсбург и низ Европа, а потоа одеднаш еден ден престанал.
~ Изнемоштен, епилептичн и пркосејќи им на градежните прописи, во Музејот во Базел тој довлечкал стол пред скулптурата „Мртвиот Исус“ од Холбајн, а потоа на ужас на неговата сопруга, се качил на него, за да може да застане лице в лице со злоставуваното, сино-зелено тело со отворени очи и крута, отворена уста, со тој погубен човек на работ на распаѓање. На крај тој ќе го вметне овој труп во својот роман „Идиот“.
~ Софија, неговото сакано прво дете, била родена во Женева додека тој го пишувал своето дело „Идиот“ и ненадејно починала три месеци поради воспаление на белите дробови. Тој потоа едноставно не можел да прифати дека може да сака некого.
~ Со издавањето на секоја наредна книга, критичарите ги оценувале неговите дела дека се премногу фантастични, сурови, претерани, морбидни. Тој во една прилика му пишал на Тургенев: „Сè што сакаат е теснограден улитаризам. Поетската вистина се гледа како диво брборење.“

~ Кнезот Мишкин, главниот лик во „Идиот“, додека размислува си вели себеси: „Душата на другиот човек е мрачно место и каков хаос се наоѓа таму.“
~ Во едно писмо коешто од Женева му го пратил на неговиот пријател Аполон Маков кој живеел во Петерсбург напишал: „Пријателе, јас имам мој сопствен поглед на реалноста (во уметноста) и тоа што мнозинството вели дека е речиси фантастично и исклучително, понекогаш ја содржи самата есенција на реалнооста… Во секој весник може да налеташ на извештаи за најреалните и најчудните факти…но, тие се реалност затоа што се факти. Тие се случуваат во секој момент и тие не се исклучителни.“
~ Фактите се „непобитни, страшни, изобличени, неумоливи.“
~ Тој многу често размислувал за тоа на кои начини тие се „ужасни и изобиличени, но истовремено и прекрасни.“
~ За сите тие години во затворскиот камп, речиси и да не бил сам повеќе од неколку секунди. Едвај фатил пенкало или молив во рака, освен во кратките мигови кога бил хоспитализиран и докторот Троицки скришум му дал лист и молив. Поминал толку многу утра и ноќи во бараки каде стотици бубачки лазеле по подот, па тој полека почнал да се чувствува близок до останатите кои отпрво му делувале опасно и заканувачки.
Една вечер во соба
Книгите на Достоевски носат со себе радикална емпатија. Среде грдотијата, раздорот, деформирањето, сакатењето, како низ пламен, една рака тргнува да го удри напатеното лице на друг. Во студенилото на зимата, еден човек се прашува себеси: „Ако богатите имаат толку многу пари, зошто мора да постои бебе кое смрзнува од студ?“

Толку малку работи остануваат неуништени.
Во „Идиот“, во текот на една ноќ и во утринските часови, кнезот Мишкин го држи и удира убиецот Рогозин. Во нивна близина, во кревет лежи мртвото тело на Настасја. Долги темни ноќи, а потоа прозорецот бледо се осветлува. Мишкин трепери, на моменти не може да ги движи своите нозе, но не се повлекува.
„Одвреме-навреме, Рогозин одеднаш почнува да мумла, гласно, нагло, непостојано, почнува да воскликнува и да се смее; тогаш кнезот ќе ја истегнеше неговата треперлива рака до него и тивко ќе ја допреше неговата глава, неговата коса и ќе ја удреше и ќе ги удреше неговите образи…“
и
„Во меѓувреме стана многу светло; тој конечно легна на перниците, како сега да беше без сила и во очај и го притисна неговото лице до лицето на бледото, неподвижно лице на Рогозин; солзите паѓаа од неговите очи на образите на Рогозин, но можеби дотогаш тој повеќе не ги чувствуваше сопствените солзи и не знаеше ништо за нив…“
До моментот кога полицијата пристигнува тоа утро, очите на Мишкин се стаклени и тој не може да зборува. Изгледа дека никогаш повеќе нема да може да прозбори.
Сите веруваат дека тој повторно станал „идиот“ – неговата ноќ со Рогозин ја обновува епилептичната состојба во која тој ниту разбира, ниту зборува, ниту пак расудува – ништо не може да се направи освен да се врати назад во санаториумот во Швајцарија.
Но, сè што тие мислат е само претпоставка. Никој не може да види во неговиот ум. Единствениот факт кој навистина може да се знае е дека тој останал со убиецот, го удрил, треперел, плачел. Тој се држел до мистериозната, незамислива емпатија кон настраданото тело и ум во делириум на друг човек.
Дарово
Кога имал 9 години, семејството на Достоевски купило мала селска куќа во Дарово. Токму таму, еден ден, еден селанец, Мареј, посегнал и нежно го удрил лицето на момчето. Подоцна, во затворот, Достоевски рекол: „тој спомен ми се врати и ми помогна да преживеам.“

Епилепсија
Во една прилика Достоевски седел пред уметникот Василиј Перов за тој да нацрта портрет од Достоевски. Подоцна кога го опишувал тоа искуство, тој напишал: „Еден човек не изгледа секогаш како себеси.“
Многу смирена изјава. Но, во неговите тетратки тој водeл евиденција за неговите напади, бидејќи времето, просторот, јазикот, стабилноста одново и одново се кршеле во него. Светот одново и одново се кршел.
И секако тука е аурата од претходно:
„Одеднаш, насреде тагата, духовната темнина и депресијата, неговиот ум делуваше како да се запалил… Неговиот ум и срце беа преплавени од заслепувачка светлина. Сета оваа вознемиреност, сомнежи, загриженост, изгледаше како да е составена од треперење, кулминирајќи во голема смиреност и разбирање …“
и
„Тоа е како одеднаш да си ја почувствувал целата природа и одеднаш велиш: „да“. Ова не е добродушност, туку едноставна радост…она што е најстрашно е дека тоа е толку ужасно јасно и дека постои толку голема радост. Ако трае подолго од 5 секунди – душата нема да може да го издржи тоа и ќе исчезне.“
Но:
„…овие моменти, овие моменти, овие сјаења, беа само претчувство пред таа последна секунда пред да започне самиот напад, а таа секунда беше, се разбира, неподнослива.“
Помеѓу 1860 и 1881 година, тој имал најмалку 102 напади на епилепсија, а најверојатно имал и повеќе.
Вградена во работата на нервниот систем, таа необична светлина е неразделна од уништувањето, таа радост и смиреност исчезнува во срамот и штетата.
Тоа сончево кршење води кон емпатија која е толку радикална, што на неа се гледа како нешто гротесно, фантастично, грдо.
Една рака вратена кон сопственото незнаење и мистерија посегнува да даде утеха на друга рака.

Суровост
Во 1882 година, влијателниот критичар Н.К.Михајловски објавил понижувачки есеј кој бил долг колку една книга „Достоевски: Суров талент“.
„Тој ги форсира неговите ликови да вршат бизарни, фантастични криминали или барем да ја замислуваат таа идеја и се со цел за тие да страдаат, страдаат, страдаат.“
„Целата политиката и издаваштво на Достоевски е постојана колебливост и збунетост, во која, секогаш има една независна, оригинална карактеристика: непотребна, беспотребна, бесцелна суровост.“
Мишкин
„Ох, јас само не знам како да го кажам тоа… но на секој чекор постојат толку многу работи кои се толку прекрасни, кои дури и најзбунетата личност мисли дека се прекрасни. Погледнете во некое дете, погледнете во изгрејсонцето на Господ, погледнете во тревата која расте, погледнете во очите кои гледаат во вас и кои ве сакаат.“
*
„По серијата на силни и болни делови од мојата болест, иако мојот ум работеше, логичниот тек на мислата ми беше како скршена… Јас бев комплетно разбуден од таа темнина, јас памтам… и она што ме будеше беше рикањето на магарето на градскиот пазар… Од некоја причина тоа исклучително ми се допаѓаше и истовремено беше како се да се избистри во мојата глава…Почнав да се распрашувам за магарињата затоа што никогаш претходно ги немав видено и веднаш се убедив дека тие се најкорисни животни, најтрудољубиви, силни, трпеливи, евтини, издржливи… мојата поранешна тага веднаш комплетно си замина.“
*
„Знаете, јас мислам дека понекогаш е добро да се биде смешен, ако не и најдобро: Така побрзо ќе си простуваме едни на други, поскоро ќе станеме понизни; не можеме да разбереме се одеднаш… човек мора прво да почне со тоа што нема да разбира многу работи! И ако разбереме пребрзо, може да не разбереме добро.“

Сега
Јас не знаев дека емпатијата била англиски збор само од 1909 година. Овој збор доаѓа од германскиот збор Einfuhlung: „да се чувствува во,” кој бил скован од Роберт Вишер, авторот на „За оптичката смисла на формата: Придонес кон естетиката“ во 1873 година. Едвард Тишенер, американски психолог, го превел зборот Einfuhlung како „емпатија“ во 1909 година.
Невроните „огледало“ се неврони кои се активираат кога животното дејствува, но и кога го набљудува истото дејство направено од друго животно. Тие за прв пат биле идентификувани во 90-тите години на 20-тиот век од страна на тим на неврофизиолози во Парма кои поставувале електроди во вентралниот премоторен кортекс кај мајмуните.
Марко Иакобини, нервонаучник кој е поврзан со UCLA, тврди дека „огледало“ невроните се „невролошката основа на човечката способност на човекот за емпатија“.
Достоевски искусил повеќе од 100 големи епилептични напади, одел во окови и бил во затвор, не му било дозволено да држи пенкало или молив во период од 4 години, ниту да чита книги, освен една. Тој гледал како две деца му умираат и неколку пати пишувал за внатрешниот живот на човекот во минутите и секундите пред да го стрелаат. Тој направил Мишкин да размислува за добрината и важноста на магарето и го довел до собата каде што ќе го удри и теши Рогозин.
Неговите книги често ги нудат зборовите „да се чувствува во“ следени до нивниот радикален крај. „Да се чувствува во“ – не значи да се сфати, анализира, толкува или лечи. Не значи да се реши, дефинира, да се направи стабилно, да се поврдува знаење, туку има врска со повлекувањето поблиску, со тоа дека постои светлина која е помистериозна и понезамислива од ужас, поприватна во своите рани и потрајна.
Оригиналниот текст можете да го прочитате тука.
