Писмо до младите читатели…

Нема ништо поубаво од чувството кога човек почнува да навлегува во светот на книгите. Тоа обично се случува уште од мали нозе и рана младост. Младите луѓе кои влегуваат во светот на книгите имаат многу очекувања за тоа како ќе изгледа нивниот свет на книгите кога ќе пораснат. Имав прилика да соберам интересни совети за младите читатели од различни страни од интернетот и денес на блогот имате можност да ги прочитате тие пораки.

1. Тие коктел-забави на кои си замислувате дека ќе одите кога ќе пораснете, каде очекувате да го цитирате Пруст додека пиете скоч стар 20 години? Тие не постојат. Во ретките моменти кога луѓето на забави сакаат да зборуваат за книги, тие најверојатно ќе ве прашаат дали сте ја прочитале книгата според која е заснован најпопуларниот филм во моментот (и нема ништо погрешно во тоа).

2. Ќе сретнете луѓе што сакаат да се срамите поради книгите што сакате да ги читате. Не постои скриено задоволство, постои само задоволство. Не се извинувајте поради тоа.

3. Во одреден момент, ќе паднете во искушение да им судите на другите луѓе за книгите што ги читаат. Ова нема да ве направи подобри или попаметни или што и да мислите дека ве прави. Не го правете тоа.

da9d699b64845ba24ee0c22cfb34c52b

4. Постојат прекрасни книги од секој жанр. Треба да му одолеете на искушението да отпишете еден цел жанр само затоа што едната (две или пет) книга што сте ја прочитале од тој жанр не ви одговарала. Обидете се да не бидете „би читал/а сè освен тоа и тоа“ тип на читатели.

5. Дружењето само со луѓе што ги читаат истите книги, на крај ќе се покаже како многу здодевна работа и ќе ве направи само поповршни.

6. Понекогаш ќе обожавате книга што никој друг не ја сака. Понекогаш ќе мразите книга што сите ја сакаат. И тоа си е сосема во ред и нормално.

7. Вистинската книга во вистинското време може да ја направи сета разлика. Ако можете да препознаете дека не е вистинското време, направете си умствена забелешка и вратете ѝ се на книгата по пет или десет години.

8. Чувството што го имате за книги е чувството што дргите го имаат за филмови, музика, фотографии или готвење. Книгите се леќи низ кои вие наоѓате смисла за светот во кој живеете, но тие не се единствените леќи, ниту пак најдобрите (не постои такво нешто како најдобри леќи). Не се ограничувајте себеси само на книги. Не одбивајте интересни пријателства или врски само затоа што другата личност не чита.

child little girl with glasses reading a books

9. Сите имаат дупки во нивното читање. Вие не сте единствените што не можеле да ја прочитаат „Улис“ (или „Моби Дик“ или „Војна и мир“, или, или, или…) до крај и сосема е во ред ако не ги прочитате.

10. Никогаш нема да знаете кои книги ќе ви го променат животот сè додека не ви го променат животот. Бидете подготвени да бидете изненадени.

11. Какви и да се вашите омилени книги и колку и да ви е специфичен вкусот, секогаш ќе постои заедница која ќе ви одговара. Можеби ќе треба малку повеќе да барате за да ги најдете „вашите луѓе“, но никогаш нема да бидете сами.

12. Додека дојде времето да влезете во светот на возрасните, читањето ќе изгледа различно. Ќе има нова технологија, нови формати, нови алатки, нови начини за дискутирање книги и нови места каде би можеле да одите и да зборувате за книги. Не паничете. Промената може да биде добра и книгите ќе бидат добри.

13. Не постои објективен суд за книги. Позади секој осврт, препорака и награда стои човек (или група луѓе) кој сам седел во тивка просторија читајќи книга и во тој процес ги понел со себе своите уникатни лични искуства, несвесни уверувања и карактеристични идеи. Некои од овие луѓе се сметаат за културни авторитети. Сепак вие сте личноста која одлучува дали тие го заслужуваат вашето внимание и доверба.

Leave a comment