Ако некогаш сте биле или се уште сте зачленети во библиотека, тогаш го знаете чувството кога брзате да го стигнете рокот за враќање на книгата. Можеби и ви се случило да задоцните некој ден со враќање на книгата. А можеби и малку подолго време сте ја држеле книгата кај вас. Како и да е, колку и да сте доцнеле, сигурно нема да можете да го надминете овој случај на доцнење со книга која дури по 120 години била вратена во нејзината библиотека.

Книтата „Микроскопот и неговите откритија“ од д-р. Вилијам Б. Карпентер, била дадена на поранешниот ученик професор Артур Војкот, кој посетувал настава во училиштето „Херефорд Катедрал“ во периодот меѓу 1886 и 1894 година. Книгата ја открила неговата внука Алис Гилет.
Училиштето ветило дека нема да наплати казна за доцнењето која, базирана на каматата во бибиотеката „Херефорд“ која изнесувала 17 пени од ден, би изнесувала неверојатни 7,446 фунти.

(Професор Бојкот, кој подоцна станал почитуван натуралист и патолог)
Госпоѓа Гилет ја открила книгата додека ја средувала збирката од 6000 книги откако починал нејзиниот сопруг. Кога го видела печатот од библиотеката кој бил внатре во книгата, г-ѓа Гилет, која живее во близина на училиштето, решила да ја врати книгата.

(Книгата заедно со писмото на Алис Гилет до училиштето)
Таа изјавила дека не е и јасно како училиштето функционирало без таа книга.
Очигледно е дека книгата била од помош за младиот Бојкот бидејќи тој на крај дипломирал природни науки со највисоки почести и станал истакнат натуралист и патолог.
