Шест причини поради кои книгата (речиси секогаш) е подобра од филмот!

Ах оваа дебата, која е стара уште од времето кога почнале да се прават филмски екранизации на книгите. Се разбира, ниту еден љубител на книгите нема да попушти ни за миг кога станува збор за оваа дебата. Нема сомнеж дека книгата секогаш ја победува својата филмска екранизација. Но, зошто е тоа така? Подолу можете да прочитате шест причини зошто е тоа така.

Книгата се губи во превод

Јавна тајна е дека Стивен Кинг воопшто не можел да го поднесе пристапот на Кјубрик при создавање на екранизацијата на „Сјаење“. Кинг не можел да го поднесе слабиот карактер на Шели Дувал од типот на „вришти и бегај“, како и пребрзото полудување на Џек Николсон наспроти ликот Џек Торенс од книгата, кој искусува побавно и поболно губење на умот. Ако самите писатели не седат покрај нив, режисерите се оставени да си играат со материјалот од книгата. Тие самите создаваат слики за она што писателот го напишал и го вртат на начин кој им одговара на нив. А како што сите знаеме, има повеќе начини да се интерпретира книга.

„Јас ова вака не го замислив!“

Откако режисерот ќе одлучи за дејството и ликовите, ние сме ограничени да ги гледаме тие ликови преку нивните очи. Сепак, 500 различни читатели на истата книга можат да имаат 500 различни идеи за изгледот на еден лик. И ако глумецот/глумицата не одговараат со тоа што ние сме замислиле во нашата глава додека сме ја читале книгата, тогаш разочарувањето е неизбежно.

books_vs_movies-383994

Leave a comment