Што велите за едно книжевно патување?

Љубители на книги, слободно можете да почнете да го планирате вашиот одмор врз основа на вашата омилена книга! Веб сајтот Visit Britain ја прогласи 2017 година за „Година на книжевните херои“, славејќи ги годишнините на книжевните настани како смртта на лорд Тенисон, издавањето на „Хари Потер и Каменот на мудроста“ и издавањето на првата збирка приказни за Шерлок Холмс.

istock-519080356

Според „Конде Наст Травелер“, Железницата „Европа“ се сетиле да понудат неколку маршути низ Велика Британија кои ќе им овозможат на љубителите на книги да ги одбележат овие годишнини.

Со помошта на железничката компанија, можете да го посетите домот на Џејн Остин, да го разгледате Музејот на Шерлок Холмс на 221б Бејкер Стрит и да се напиете кафе во кафулињата во Единбург каде што Џ.К.Роулинг ги напишала незините први книги.

Од март до декември, градот Чотон ќе одбележи 200 години од смртта на нивниот најпознат жител, неверојатната Џејн Остин. На само час и половина од Лондон, Чотон е дом на Музејот на домот на Џејн Остин, каде што таа ги поминала последните години од нејзиниот живот. Годишниот фестивал „Недела на Џејн Остин“ во Чотон и Алтон ќе се одржи во периодот од 17 -25 јуни и ќе содржи активности, настани и изложби посветени на Остин.

Во мај, можете да се упатите во Ројал Алберт Хол во Кенсингтон, Лондон за да погледнете проекција на „Хари Потер и Каменот на мудроста“ придружена со оркестар во живо. Проекциите ќе се одржуваат во период од 11 до 14 мај.

Исто така може да патувате со воз до Шкотска и Единбург и да се напиете чај во Спун и Елефант Хаус, кафулињата во коишто Џ.К.Роулинг ги напишала „Хари Потер и Каменот на мудроста“,„ Хари Потер и Одајата на тајните“ и „Хари Потер и Затвореникот од Азкабан“.

Во октомври 2017 година, железницата „Европа“ ви предлага да одите на патување во Лондон за 125 годишнината од „Авантурите на Шерлок Холмс“ на сер Артур Конан Дојл. Можете да отидете во Бејкер Стрит, да го посетите пабот „Шерлок Холмс“ или да отидете на тура низ локациите каде што се снима серијата на Би-Би-Си.

Претходно, истата компанија нудеше книжевни маршути за Париз и патување инспирирано од „Игра на тронови“, па можете да изберете нешто и од тоа.

 

 

 

Leave a comment