Ах оваа дебата, која е стара уште од времето кога почнале да се прават филмски екранизации на книгите. Се разбира, ниту еден љубител на книгите нема да попушти ни за миг кога станува збор за оваа дебата. Нема сомнеж дека книгата секогаш ја победува својата филмска екранизација. Но, зошто е тоа така? Подолу можете да прочитате шест причини зошто е тоа така.
Книгата се губи во превод
Јавна тајна е дека Стивен Кинг воопшто не можел да го поднесе пристапот на Кјубрик при создавање на екранизацијата на „Сјаење“. Кинг не можел да го поднесе слабиот карактер на Шели Дувал од типот на „вришти и бегај“, како и пребрзото полудување на Џек Николсон наспроти ликот Џек Торенс од книгата, кој искусува побавно и поболно губење на умот. Ако самите писатели не седат покрај нив, режисерите се оставени да си играат со материјалот од книгата. Тие самите создаваат слики за она што писателот го напишал и го вртат на начин кој им одговара на нив. А како што сите знаеме, има повеќе начини да се интерпретира книга.
„Јас ова вака не го замислив!“
Откако режисерот ќе одлучи за дејството и ликовите, ние сме ограничени да ги гледаме тие ликови преку нивните очи. Сепак, 500 различни читатели на истата книга можат да имаат 500 различни идеи за изгледот на еден лик. И ако глумецот/глумицата не одговараат со тоа што ние сме замислиле во нашата глава додека сме ја читале книгата, тогаш разочарувањето е неизбежно.

Ограничено време за раскажување на приказната
Повеќето филмови траат 1,5 до 3 часа најмногу. И книгата е уредена и обликувана, но сепак писателот има неограничено време за да ја оформи и раскаже својата приказна. Ова префрлување од книга во филм води кон избришани делови од книгата или забрзување на развојот на заплетот на приказната.
Големи се шансите пишувањето на сценариото да не ја претстави приказната како што треба
Додека предноста на филмот е тоа што дава визуелна стимулација, тој е ограничен во однос на тоа дека мора да ја раскаже приказната првенствено преку дијалог. Tранзицијата од зборови до визуелна транзиција плус дијалог не е толку едноставно да се направи како што изгледа, особено кога си имате работа со книга која е полна со внатрешен дијалог или која му дава на читателот увид во карактерот на ликот. Освен техниката за Зак Мори кога ликот гледа во камерата додека разговара со публиката, тешко е за филмаџиите да го претстават она што се случува во умот на ликот.
Книгите му дозволуваат на читателот сам да ги состави коцките
Некои филмови се помоќни затоа што се развиваат како книгите. Старите филмови и Алфред Хичкок завршиле добра работа со тоа што внесле суптилна тензија во приказната. „Ајкула“ беше толку моќен филм затоа што никогаш не ја гледаме проклетата ајкула! Без моќта на визуелизацијата, книгите им дозволуваат на читателите самите да ги состават коцките од приказната. Понекогаш филмовите претеруваат со визуелизацијата.
Книгата останува со вас
Музиката има плочи, пишувањето има книги, но филмовите не нудат физички предмет кој нуди емотивна приврзаност, освен ако тука не се бројат старите VHS касети. Па затоа, секогаш кога се расправате за тоа дали книгата или филмот биле подобри, запамтете дека се борите за тој стар, малку избледен пријател со чудни корици кој стои на вашата полица.
Вие што мислите?
