Среќен роденден Кафе и книги!
На 4 март, пред два дена, Кафе и книги наполни 2 години постоење. Само пред две години беше напишана првата објава. Како што минуваше времето, така содржините стануваа се пообемни и се зголемуваше бројот на објави. Денес на Кафе и книги има 433 објави (+плус оваа денес), блогот е прегледан 45,385 пати и имал 29,325 посетители.

За мене ова се навистина прекрасни бројки за само 2 години постоење. Срцето ми е преполно со секој нов коментар, со секое ново споделување и секоја нова прочитана објава. Овој блог е производ на искрената љубов којашто ја имам кон книгите и драго ми е што имам можност да ја споделам со останатите луѓе за кои книгата е повеќе од испечатена хартија наменета за пополнување време, за кои книгата е најдобар пријател, советник, столб и поддршка.
Се надевам дека и во иднина содржините ќе бидат доволно квалитетни, поучни и забавни за посетителите на блогот, а се разбира планирам и проширување на одредени рубрики и збогатување на блогот со уште повеќе информации, препораки за книги, најави за промоции на книги и попусти од издавачките куќи и уште многу други работи.
Се надевам дека со мојот блог барем малку придонесувам да се збогати македонскиот интернет простор особено кога се работи за книги и дека во иднина блогот ќе ве инспирира и поттикнува да си ги пронајдете вашите омилени четива.
И се разбира, огромна благодарност до издавачката куќа „Полица“ и за прекрасниот подарок кој го добив токму на роденденот на Кафе и книги.

Во продолжение можете да погледнете и кои беа најчитаните 10 објави на Кафе и книги во изминатата година, а тука можете да ја погледнете листата со најчитани објави од претходната година.
1. Македонска поезија: „Ако не си ти“ од Петре М. Андреевски
2. Трагичниот настан кој го инспирирал Набоков да ја напише „Лолита“
3. Македонска поезија: „Умилкување“ од Петре М. Андреевски
4. Македонска поезија: „Кога ја љубев Дениција“ од Петре М. Андреевски
5. Носталгија: Книгите од нашето детство!
6. Кои македонски книги ги читаше Кафе и книги во јануари?
7. Италијанската влада со прекрасна иницијатива за младите да читаат повеќе книги!
8. Прекрасни фотографии од луѓе кои читаат ширум светот!
9. Прекрасно организирани домашни библиотеки кои ќе ве инспирираат!
10. Најдобрите книги на сите времиња според 125 познати писатели!
Ви благодарам уште еднаш од се срце за поддршката, за читаноста и за споделувањата и се надевам на уште многу години дружба и читање! Ви посакувам успешна и убава недела!
Срдечен читателски поздрав,
Марија, девојката за која книгите се целиот нејзин свет

Среќен роденден и се надевам блогов ќе добие уште поголема посетеност. ❤
LikeLike
Фала ти многу! ❤ ❤
LikeLike
Среќен роденден на блогот! Уште многу успешни блогерски/читателски денови, и голем број посетители, од блогерка чиј блог е некоја година поголем од овој. 🙂
Поздрав
❤ ❤
LikeLike
Ти благодарам од срце за убавите зборови! И јас ти го посакувам истото и на тебе! Многу нови содржини и многу читатели! 🙂
LikeLiked by 1 person