Долго, топло лето: Летен саем на книгата во Магор!

Драги љубители на книгата и вљубеници во пишаниот збор, летото се побрзо ита кон нашите порти, а тоа значи долги, топли денови и повеќе време за читање книги.

Летото е идеално за читателите затоа што освен што имаат повеќе време за читање, тие имаат многу можности за збогатување на својата домашна библиотека, имајќи предвид дека во овој период повеќето книжарници нудат попусти и организираат летни саеми на книга.

18767909_1604926309549456_2838746846655474410_n

Доколку сте во потрага по освежување на домашната збирка книги, тогаш во периодот од 10.06 до 31.08 можете да се упатите во кафе-книжарницата Магор, каде издавачката куќа Магор го организира својот Летен саем на книга.

Цените на сите книги во издание на Магор ќе имаат намаление од 50% до 70%.

Покрај Летниот саем на книга, во кафе-книжарницата Магор на 16.06.2017 ќе има и прослава по повод 25 години од постоењето и работата на кафе-книжарницата.

18836071_1609752662400154_7715204468801900931_n

Од Магор велат дека целата идеја е да се доближат читателите до поквалитетна, класична литература. Литература од големите автори, како и од најквалитетните современи автори. Нема да бидат заборавени ниту домашните автори за кои се планираат и неколку промоции во текот на летото.

Драги љубители на величествените дела на книжевноста, ова е навистина одлична можност да ја збогатите домашната библиотека со квалитетни наслови и да си ја пронајдете вашата следна омилена книга!

Се гледаме во кафе-книжарница Магор!

*сликите се преземени од официјалната Фејсбук страница на Магор

Leave a comment