Од денес започнува Летен саем на книга во „Скопје сити мол“!

Неделава навистина започна со убави вести за сите вљубеници во пишаниот збор. Најпрво, издавачката куќа „Магор“ го најави својот Летен саем на книга, а сега и Скопје сити мол не израдува со убави вести за Летен саем на книга.

18921851_1389410841138925_2798330463393052347_n

Во периодот од 07.06 (денес) до 12.06, во Скопје сити мол (приземје), ќе се одржи Летен саем на книга во организацција на Македонската асоцијација на издавачи. На Летниот саем на книга свои изданија ќе изложат издавачките куќи:
Полица
Култура
Арс Ламина
Три
Антолог
Сакам книги
Просветно дело
Икона

Под мотото „Ова лето уживај во книга“, издавачките куќи нудат големи попусти на своите изданија, кои ќе се движат и до 70%.

Е па драги љубители на книги, се гледаме викендов во Скопје сити мол!

*сликата е преземена од официјалната Фејсбук страница на Скопје сити мол

Leave a comment