Полиците со книги можат да бидат најпрекрасниот дел од домот доколу правилно го искористите просторот. Многумина не се сигурни и не знаат што да прават со полиците, особено ако немаат премногу книги кои би ги изложиле на нив. Многу луѓе сакаат да ставаат семејни фотографии на полиците, но тоа бара многу бришење прашина. Полиците не мора да се место на коешто ќе ставате само книги, но не мора да ги користите и како место за изложба на работи.

Фото на Iñaki del Olmo за Unsplash
Во продолжение прочитајте неколку совети кои ќе ви помогнат како да претворите дополнителен простор кој не го користите, во прекрасен простор!
Ако сте страстен собирач, зошто да не ги искористите вашите полици за да ги изложите работите со кои се гордеете? Ако имате книги, тогаш прекрасно би било кога би направиле комбинација од двете. Ставете ги книгите и над нив можете да ги ставите предметите кои ги сакате. Или користете потешки предмети кои можете да ги искористите како држач за книги. Користете ја вашата фантазија: можеби имате збирка со стари автомобили и книги за стари автомобили. Изложете ги заедно и глетката ќе биде многу интересна.
За дополнителен забавен и декоративен елемент, можете да додадете огледала позади полиците. Огледалата секогаш визуелно ја зголемуваат собата и го отвораат просторот. Додавањето огледала зад полиците ќе привлече уште поголемо внимание кон вашата прекрасна збирка книги.
Ако вашите полици се прилагодливи, променете ја висината за да додадете малку големина и тоа ќе ви овозможи да ставите поголеми книги или предмети. Полиците поставени на различни висини ја освежуваат собата и ѝ даваат асиметричен изглед. Ако дополнително ставите кошнички, ќе ви се ослободи поголем простор за складирање.
Кога станува збор за уредување, не постои „правилен“ и „погрешен“ начин на правење на работите. Најважно е да се забавувате и во целиот процес да вметнете дел од вашата личност.
