Фраерски е да се чита – недела на кул книги во ТРИ!

Под мотото „Фраерски е да се чита – недела на кул книги во ТРИ“, Издавачкиот центар ТРИ започнува кампања за подигнување на читателската свест кај младите. Со богата двонеделна програма проследена со убав избор на повеќе дела за млади во книжарниците ТРИ по одлични цени, од ТРИ најавуваат дека имаат цел да ги поттикнат младите да читаат и да се заинтересираат за различни типови книги. Интересни настани збогатени со музика, средби на читатели и млади автори, промоции на книги, се само дел од програмата која има за цел приближување на книгата до младите.

56227959_10157100113194817_7052478175686688768_o
(Извор: Издавачки центар ТРИ)

Според официјалната најава на Фејсбук се наведува дека преку оваа акција, издавачкиот центар ТРИ сака да им покаже на младите луѓе дека книгите нудат слобода на умот и дека само книгите можат да ни го понудат тоа. Тие наведуваат:

„ Јунаците од страниците се реални и живеат во секој од нив.
Сите деца се херои ако веруваат во себе!
Со оваа кампања нудиме еден неограничен свет во кој сѐ е можно, ги поттикнуваме да веруваат во чуда и имаме цел да ја разбудиме креативноста во сите.“

Во едно свое излагање, Нил Гејман ја кажа следнавата работа:

„Фикцијата може да ви покаже различен свет. Може да ве однесе на места на коишто не сте биле. Откако ќе посетите други светови, никогаш нема да бидете целосно задоволни со светот во којшто сте пораснале. И незадоволството е добра работа: ако се незадоволни, луѓето можат да ги менуваат и подобруваат своите светови, да ги оставаат подобри, различни.“

kniga-za-grobistatanajdolgoto-patuvanjeposlednata_pesna

Кога сме кај Нил Гејман, токму неговата книга „Книга на гробиштата“ е дел од понудата на „ТРИ“, заедно со други наслови како „Воздух“ од Миријам Дубини, како и „Најдолгото патување“ и „Последната песна“ од Николас Спаркс и уште многу други наслови кои можете да ги разгледате тука.

Според најавите, дел од книгите ќе бидат на попуст во текот на првата недела од акцијата во нашите книжарници, а втората недела ве очекуваат различни наслови.

Изберете си кул книги и читајте – зашто фраерски е да се чита! –

Се гледаме таму!

За повеќе информации, следете го официјалниот настан на Фејсбук.

Leave a comment