Наскоро ќе бидат објавени писмата на Ана Франк напишани за нејзината баба!

Едно купче писма адресирани од Ана Франк до Алис Франк – Стерн, нејзината баба по татко, по долго време конечно се преведени на англиски јазик и првпат ќе бидат објавени во целост.

Како што известува Алисон Флад за „Гардијан“, писматата се напишани во период од 1936 до 1941 година, периодот пред Ана да ги забележува настаните во незјиниот дневник, кој таа го водела од јуни 1942 година, до август 1944 година.

merlin_147210543_87132e5e-dd52-4c23-964a-fea4a266fc01-articlelarge

Овие писма се напишани од девојче на работ на пубертет и во нив таа се жали за разни работи, од нејзиното „неубаво искуство“ со протези до расправиите со родителите за тоа кога треба да ја скрати косата, а потоа дава увид и за строгите регулации врз Евреите од страна на германските сили.

Во едно од писмата, Ана ѝ кажува на нејзината баба, која тогаш живеела со својата ќерка (Хелен Елиас, тетката на Ана), во Базел, Швајцарија, дека сака повторно да лизга на мраз, но дека мора да има „повеќе трпение, додека не заврши војната“, а потоа додава: „Кога ќе почнам одлично да лизгам, тато ми вети патување во Швајцарија, за да ве видам сите.“

Писмата имаат многу сличности со подоцнежните пишувања на Франк, особено оние кои датираат од периодот кога почнале да се кријат во Тајниот анекс. Искрени, отворени и интровертни, тие опишуваат едно харизматично, палаво девојче со талент за пишување и страст за расправање со своите родители.

Во едно писмо од крајот на 1941 година, Франк опишува еден ден кој го поминала во дружење со две другарки и едно момче, заклучувајќи: „Беше многу забавно, не ми недостасуваше друштво на момчиња.“ Еден од записите во нејзиниот дневникот, напишан многу кратко по нејзиниот 13-ти роденден, повторно се навраќа на оваа тема, набројувајќи ги нејзините машки соученици со објавувањето дека „Маурис Костер е еден од многуте мои обожаватели, но многу е напорен.“

56242631507797732263c7c2b123e13a

Овие писма се само дел од „Ана Франк: Собрани дела“, книга која содржи писма, кратки раскази, досега непрочитани записи од дневникот и други записи кои следниот месец ќе бидат објавени. Џејми Биркет, уредник на книгата, вели дека освен тоа што книгата содржи сѐ што Ана Франк некогаш напишала, во неа се вклучени и фотографии и есеи во кои се зборува за историјата на семејството Франк и како дневникот си го нашол својот пат кон светската јавност.

Според „Гардијан“, оваа книга го прикажува дневникот на Ана Франк во три различни верзии:
Верзија А, која го следи текот на мисли на младата писателка, онака како што се запишани во нејзиниот дневник и нејзините тетратки;
Верзија Б, која ги содржи критиките и преместувањата кои самата Ана ги правела во однос на своите пишувања, работи кои ги направила при крајот на нејзиниот живот, надевајќи се дека некогаш ќе бидат објавени.
Верзија В, која била уредена од Ото Франк за да ги исклучи сексуалните приказни и одредени критики кон другите жители на Тајниот Анекс.

Ивес Куглеман, во еден разговор со „Гардијан“, вели: „Мислам дека повеќето луѓе ја знаат Ана од дневникот, без контекстот за нејзиното семејство, нејзината социјализација, каде учела и како културно се развивала. Со оваа книга, читателот добива повеќе контекст околу нејзината култура, нејзиниот еврејски живот и нејзините корени.“

Ана и нејзината сестра Марго починаа во концентрационен камп во 1945 година. Нивниот татко е единствениот кој ја преживеа војната.

Во септември 1945 година, Алис Франк-Стерн, саканата баба на која Ана ѝ пишувала писма, напишала една белешка за судбината на нејзините сакани: „Марго и Ана беа однесени во Белсен, бидејќи беа премногу слаби за да работат. Марго доби тифус и почина, а Ана која знаеше дека нејзината мајка е мртва и која беше сигурна дека и татко ѝ ја доживеал истата судбина, исто така избледе и исчезна…“

Алис Франк-Стерн починала во 1953 година, со навршени 88 години.

Извор.

 

 

Leave a comment