Во понеделникот, овој свет го напушти Тони Морисон, брилијантна писателка, Нобеловка, добитничка на Пулицеровата награда за белетристика. Длабоката мудрост и прекрасниот стил на пишување, како и различните теми кои таа ги опфаќа ја издигнаа високо на книжевниот пиедестал. Нејзините прекрасни дела како „Љубена“, „Џез“, „Соломоновата песна“, „Најсиното око“ се книги кои едноставно е невозможно да не предизвикаат емоции и да не пробудат нешто во читателот.
Таа во 1987 година ја доби Пулицеровата награда за книгата „Љубена“, а во 1993 година ја доби Нобеловата наградата за литература.

Има многу да се пишува за Тони Морисон, но денес ги славиме нејзините зборови и нејзиното творештво, па затоа издвоив неколку прекрасни мисли, цитати, изјави кои ќе ве замислат и ќе ви го разубават денот:
„Да се ослободиш себеси беше една работа, да преземеш контрола над сопствената слобода беше друга работа.“
„Љубовта или е или не е. Слабата љубов воопшто не е љубов.“
„Мислиш дека само затоа што тој не те сака, дека си безвредна. Мислиш дека затоа што тој не те посакува повеќе, дека тој е во право – дека неговиот суд и мислење за тебе се точни. Ако те исфрли, тогаш ти си ѓубре. Мислиш дека тој ти припаѓа, затоа што ти сакаш да му припаѓаш нему. Немој. „Припаѓа“ е многу лош збор. Особено кога ќе го залепиш за некој кого го сакаш. Љубовта не треба да биде таква. Дали имаш видено како облаците ја сакаат планината? Тие кружат околу неа. Понекогаш не ни можеш да ја видиш планината од облаците. Но, знаеш што? Врвот на планината ѕирка, затоа што облаците го дозволуваат тоа, тие не го обвиваат. Тие му дозволуваат на врвот да ја држи главата исправена, слободна, ништо не го крие, ниту пак го врзува. Не можеш да поседуваш човечко суштество, Не можеш да изгубиш нешто што не поседуваш. Еве, замисли дека го поседуваш. Дали мислиш дека би можела да сакаш некој кој е апсолутно никој без тебе? Дали навистина би можела да сакаш некој таков? Некој кој се распаѓа кога ќе излезеш низ вратата? Не, нели? Ниту тој може да сака некој таков. Ти нему го предаваш целиот свој живот. Целиот свој живот, девојко. И ако толку малку ти значи што можеш само така да го дадеш, да му го предадеш, тогаш зошто би требало нему да му значи повеќе? Тој не може да те цени повеќе отколку што ти се цениш себеси.“

„Во еден момент во животот, убавината на светот станува доволна. Немаш потреба да ја фотографираш, црташ, ниту пак да ја помниш. Доволна е сама по себе.“
„Лутината е парализирачко чувство. Не можеш да направиш ништо. Луѓето некако мислат дека интересно, страствено и движечко чувство, но јас не мислам така, тоа е беспомошност, отсуство на контрола, а мене ми се потребни сите мои вештини, сета контрола, сите моќи. Лутината не ми овозможува ништо од тоа, немам никаква корист од неа.“
„Ако постои книга која сакаш да ја прочиташ, а сѐ уште не е напишана, тогаш мораш да ја напишеш.“
„Ако сакаш да леташ, мораш да се ослободиш од срањето кое те влече надолу.“
„Дефинициите им припаѓаат на оние кои дефинираат, а не на оние кои се дефинирани.“

„Јас сум сите работи кои некогаш сум ги сакала: скупернонгово вино, свежи капења во тивка вода, фантазерски книги и музика.“
„Фукцијата на слобода е да ослободи некој друг.“
„Таа е пријателка на мојот ум. Човече, таа ме собира. Таа ги собра сите делови од мене и ми ги врати во правилниот распоред.“
„Љубовта никогаш не е подобра од оној кој сака. Злобните луѓе љубат злобно, насилните луѓе љубат насилно, слабите луѓе љубат слабо, глупавите луѓе љубат глупаво, но љубовта на слободниот човек никогаш не е безбедна. Нема подарок за љубената. Само оној кој љуби ја поседува неговата подарена љубов. Саканата страна е искината, неутрализирана, замрзната во сјајот на внатрешното око на оној кој сака. “
