Се прашувате кој е најдобриот мјузикл кој никогаш не успеал да биде остварен до крај? Па тоа е лесно: „1984“ во режија и изведба на Дејвид Боуви!

„1984“ е една од најпознатите книги и дистопии на сите времиња, напишана од Џорџ Орвел и нема човек кој, ако не ја прочитал, барем не слушнал за неа. Се работи за феноменална книга (топло ви препорачувам да ја прочитате ако сте ја прочитале досега, кај нас ја има во издание на „Икона“ и наскоро ќе излезе од печат изданието на „ТРИ“!) од која ќе ви полазат морници на самата помисла на Големиот брат, особено ако почнете да влечете паралели со денешното општество. Доколку не сте запознаети со книгата, прочитајте ја статијата „Интересни и малку познати факти за „1984“!“
Имено, познато е тоа дека „1984“ му била една од омилените книги на Дејвид Боуви и тој имал идеја и желба да ја претвори книгата во мјузикл кој би се прикажувал во Лондон, но и би бил прикажуван на телевизија. Тој го замислувал делото како рок-опера. Некаде на почетокот на 70-тите години на 20 век, тој почнал да планира музичка адаптација на книгата. Тој дури и напишал неколку песни за проектот, а најпозната е песната „1984“.
Но, се појавил еден проблем: Вдовицата на Орвел, Соња, не сакала да има ништо со Дејвид Боуви. Кога менаџерот на Боуви ја контактирал во врска со добивање на правата за книгата, Соња Орвел му рекла дека „тој е надвор од умот“. И така проектот всушност пропаднал.
Но, Дејвид Боуви не се откажал така лесно. Тој ги претворил сите песни кои ги напишал за рок-операта во концептуален албум наречен „Diamond Dogs“, a воедно и продуцирал телевизиска специјална емисија која била наречена „1980 Floor Show”. Ако гласно го изговорите насловот, ќе забележите дека некако неверојатно звучи како „1984 Show”. Приказната можеби не била онаа на „1984“, но дистопијата на Боуви од 1974 делувала како да е надвор од овој свет.

Погледнете го и видеото кое беше извор за оваа статија:
