Македонска поезија: „Не е до мене“ од Тихомир Јанчовски!

Денес е петок, прекрасен ден за споделување на прекрасни македонски стихови. Овојпат изборот падна на еден од моментално најактуелните и најпознати македонски поети, Тихомир Јанчовски. Уживајте во прекрасните стихови.

Не е до мене – Тихомир Јанчовски

Понекогаш, имам осет во градите
како некој да ми го фатил срцето во стиска
и везден го држи така. Не знам, дали некогаш 
ќе се смилува да го пушти. Не е до мене.
Сум држел птица во дланка и ова личи исто.

Слободата не е отсуство на пречки
за добивање на работите што ги сакаме
туку чувство на леснотија и широчина
внатре во себе. Некои тоа го викаат среќа.

Срцето ни е здраво само кога не го чувствуваме.
Телото ни е здраво само кога не го чувствуваме:
рацете, нозете, главата, трупот.
Болките се свест за телесното постоење.

Има денови кога се живее
и денови кога се раскажува доживеаното.

(„Игла и конец“, 2016)

abroad3

Leave a comment