Драги љубители на книги, вртоглаво брзо се ближи крајот на годината и набргу ќе започнат празниците кои се совршено време за читање книги! Доколку изминатиот период пропуштивте шанса да си ја освежите домашната библиотека, во наредните неколку дена ќе имате уште една можност за тоа!
Почнувајќи од денес, сѐ до 15.12 (недела), во трговскиот центар „Рамстор“ ќе се одржи Новогодишен саем на книга!

Ќе имате одлична можност да се подновите со некои од изданијата на „Арс Ламина“, „ТРИ“, „Култура“, „Топер“, „Сакам книги“, „Антолог“, „Полица“, „Бегемот“, „Икона“, „Просветно дело“ и други.
Завиден број на издавачки куќи ќе ги изложат своите изданија, такашто не се двоумете и во следните денови упатете се на новогодишен шопинг на книги и уживајте во читањето!
