Како што веќе беше најавувано, „Зоки Поки“, омилената лектира и книга на многу генерации деца конечно ќе доживее модерна екранизација во форма на ТВ-серија.
Конечно ќе имаме можност и визуелно да ги следиме згодите и незгодите на Зоки Поки, Лидија и целата дружина.
Првата епизода ќе имате можност да ја погледнете уште денес, во 20:15 часот, на МТВ 1.

Што се однесува до актерската екипа, Матеј Настевски е во улогата на Зоки Поки, додека пак популарниот Сашко Коцев е во улогата на таткото Филип. Останатите улоги ги играат Анастастија Аневска (Лидија), Матео Матоски (Боки), Матеј Зимбаков (Гоки), Даниела Иваноска (мајката Ивана) и Сабина Ајрула – Тозија (бабата Оле).
Сите сме возбудени и едвај чекаме да ја погледнеме првата епизода, без оглед на тоа дали сме деца или возрасни луѓе чии детски спомени секогаш цврсто ќе бидат врзани за оваа безвременска книга, кога мислевме дека со два денари навистина може да се купи целиот свет. ❤
Погледнете го и трејлерот:
Доколку сакате да бидете во тек со новостите или да добиете повеќе информации, посетете ја официјалната веб-страница или официјалната страница на Фејсбук.
