Кафе и книги слави шест години од своето постоење!

Драги читатели на блогот и заљубеници во книги,

Денес Кафе и книги слави шест години од своето постоење. На 4 март 2015 година, интернет просторот беше надополнет со едно книжевно катче на една девојка заљубена во книгите. Со текот на времето, блогот доби искрени и редовни читатели со кои често споделуваме нови книги, од кои добивам прекрасни коментари. Многу ми е драго што блогот порасна и се прошири и стана место каде секој читател може да прочита различни теми поврзани со книгите.

Во текот на овие шест години, блогот имаше 1189 објави (1190 заедно со овој). Објавите на блогот биле разгледани 363.493 пати од 244.935 посетители! Ова не се бројки за занемарување и искрено сум горда што овој блог е место на кој доаѓаат љубители на книги од секаква возраст, род, места на живеење, кои имаат различни книжевни интереси и успеваат да најдат нешто што ќе ги интересира или што им треба.

Оваа година дефинитивно не беше како останатите години, ни се случи глобална пандемија која нè примора да седиме дома, а многумина се свртија кон книгите и поезијата, па затоа најчесто пребарувани беа македонските поети и нивните стихови, како и предлози и можности за онлајн читање. Голем дел од читателите на блогот решија да читаат анализи или интересни факти за нивните омилени книги.

Во продолжение прочитајте кои се 10-те најчитаните текстови на сите времиња на блогот:

  1. Македонска поезија: „Очи“ од Ацо Шопов!
  2. Неколку факти за „Гарванот“ на Едгар Алан По!
  3. Македонска поезија: „Ако не си ти“ од Петре М. Андреевски!
  4. Македонска поезија: „Цветови“ од Славко Јаневски!
  5. 4 најдобри веб-страни за читање книги!
  6. Интересни факти за „Странецот“ на Албер Ками!
  7. Вистинското куче кое било инспирација за „Повикот на дивината“ на Џек Лондон…
  8. IN MEMORIAM: Најубавите мисли на Горан Стефановски!
  9. Злосторство и казна“: Кратка анализа на едно од најпознатите дела на Достоевски!
  10. Македонска поезија: „Т’га за југ“ од Константин Миладинов!

А сега, прочитајте кои беа најчитаните текстови во периодот од 4 март 2020 до 4 март 2021.

  1. Македонска поезија: „Очи“ од Ацо Шопов!
  2. Неколку факти за „Гарванот“ на Едгар Алан По!
  3. Вистинското куче кое било инспирација за „Повикот на дивината“ на Џек Лондон…
  4. 4 најдобри веб-страни за читање книги!
  5. Злосторство и казна“: Кратка анализа на едно од најпознатите дела на Достоевски!
  6. Македонска поезија: „Т’га за југ“ од Константин Миладинов!
  7. Македонска поезија: „Цветови“ од Славко Јаневски!
  8. Македонска поезија: „Елегии за тебе“ од Кочо Рацин!
  9. IN MEMORIAM: Најубавите мисли на Горан Стефановски!
  10. Мобилни апликации кои ви овозможуваат читање книги на македонски јазик!

Уште еднаш ви благодарам што редовно го читате блогот и се надевам дека во иднина ќе има уште поинтересни содржини кои ќе ја поттикнуваат љубовта кон читањето!

Читателски поздрав!

Leave a comment