За љубителите на книги, секое време е одлично време за подновување со книги и освежување на домашната библиотека, особено кога има акции и попусти кои нудат книги по намалени цени.
Македонската асоцијација на издавачи во пресрет на 8. Март, Меѓународниот ден на жената, под мотото „Ние можеме!“ организира Денови на книгата во Сити Мол!
Од денес, сè до 8 март, ќе имате можност да ја освежите домашната библиотека со изданија од различни издавачи. Како што наведуваат на официјалната Фејсбук страница на Македонската асоцијација на издавачи: „На тој начин ќе го одбележиме 8. Март онака како што заслужува – славејќи ја борбата за рамноправност на жената со симболот на еманципацијата: КНИГАТА!

Во текот на овие денови, во Сити мол ќе можете да најдете изданија на „Арс Ламина“, „ТРИ“, „Полица“, „Антолог“, „Култура“, „Ѓурѓа“, „Сакам книги“, „Бата прес“, „Топер“, „Мартина“, „Едука Мак“, „Паблишер“.
