Познатиот магазин „Variety“ неодамна ексклузивно соопшти дека се подготвува биографски филм за Мери Шели, авторката на еден од најпознатите романи на сите времиња, „Франкенштајн“.
Работниот наслов на филмот е „Чудовиштето на Мери“ и според информациите, ќе ја следи Шели и нејзините напори да го заврши нејзиното ремек-дело, кое првпат било објавено во 1818 година. Според „Variety“, Фарен Блакбурн ќе биде режисер на филмот, а сценариото ќе биде на Дебора Бакстром. Првичниот опис вели: „Исплашена од тоа да ѝ дава глас на темнината во нејзиниот потсвесен ум, Мери Шели започнува опасна битка со нејзиното сопствено „внатрешно чудовиште“ додека се мачи да го напише нејзиниот пионерски научно-фантастичен роман „Франкенштајн“.“

(Извор на сликата: The Times)
Според експертите, „Франкенштајн“ е првиот научно-фантастичен роман во историјата и можеби е еден од најекранизираните романи во историјата, како и инспирација за многу театарски претстави, мјузикли и други уметнички дела. Се верува дека Шели добила инспирација за романот кога имала 19 години додека престојувала со својот сопруг Перси Шели и поетот Лорд Бајрон во куќа околу езерото Женева. Се верува дека тројцата го поминувале времето во измислување и раскажување приказни за духови и токму тогаш таа ја добила инспирацијата за својата приказна. Повеќе информации за нејзиниот живот можете да прочитате во една постара објава на блогот: Фасцинантни факти за Мери Шели, авторката на „Франкенштајн“!
„Франкенштајн“ е навистина оживуван на големото платно многупати, но и животот на Мери Шели досега во неколку наврати бил инспирација за неколку биографии, како и фимови и серии.
Повеќе информации можете да прочитате тука.
