Популарниот магазин „Форбс“ објави дека личното издание на Harvard Law Review 1957-58 на Рут Бејдер Гинзбург (кое е дополнето со нејзините рачно напишани лични прибелешки), заедно со уште 1000 книги од нејзината лична библиотека се продале за нешто над 2.3 милиони долари.
:max_bytes(150000):strip_icc():focal(999x0:1001x2)/rbg-4-63ecb7796b344766a1c1f73d4d49fa57.jpg)
(Извор на сликата: People)
Рут Бејдер Гинзбург беше судија во Врховниот суд на САД и беше особено позната по нејзините заложби за родова еднаквост, а почина во 2020 година на 87 години. Меѓу останатите книги кои се продале на аукцијата, се нашле и издадените записи на Гинсбург, „Моите сопствени зборови“, потпишано прво издание на „Мојот живот на патиштата“ на Глорија Стејнем, како и учебник за јуриспруденција од Правниот факултет на Универзитетот Колумбија. Повеќето од книгите кои се биле на аукција претежно биле нефикција и стручна литература, но сепак во колекцијата се нашле и класици како „Дон Кихот“ на Сервантес, „Ловец во ‘ржта“ од Селинџер и две изданија на „Лолита“ на Набоков. Остатокот од книгите со мек повез кои таа ги поседувала, биле донирани на неколку библиотеки во затворите во САД.

(Извор на сликата: Форбс/BONHAMS)
Аукционерите првично очекувале целата колекција да се продаде за околу 300.000 до 500.000 долари, па оттаму, бројката од 2.3 милиони долари навистина ги изненадила.
