Македонска поезија: „Разделба“ од Гане Тодоровски!

Денес на блогот читаме прекрасни македонски стихови на Гане Тодоровски.

Разделба – Гане Тодоровски

Заминуваш и не се вртиш
страв прастар страв од скаменување
е она во тебе што ‘рти
ко бол од едно одминување

Заминуваш и носиш многу
во таа своја нема закана
без пораки без прошка без збогум
смраморена и неизнаплакана

Заминуваш заитана без глас
со прпот на преплашена препелица
исчезнуваш во невратка и в час
стануваш сенка во невиделица

Извор на песната: Тодоровски, Гане. Скопјани. 2020: Арс Ламина, Скопје
Извор на сликата: We Heart It

Leave a comment