Саемот на книга годинава ќе се одржи од 3 до 9 мај!

Одлична вест за сите љубители на книги! Традиционалниот Саем на книга повторно се враќа во својот „вообичаен“ термин, односно како што беше практиката, во пролетните месеци. Изминатите две години, во голем дел поради пандемијата на КОВИД-19, саемот се одржуваше во септември.

(извор на сликата: roffeypark.ac.uk)

Оваа година, Саемот на книга ќе се одржи во периодот од 3 до 9 мај во СЦ „Борис Трајковски“ (А1 Арена). Како и вообичаено, настанот ќе биде поддржан од Министерството за култура.

Сè уште нема подетални информации за попустите и изненадувањата кои можеме да ги очекуваме, но Кафе и книги ќе се потруди да ги собере сите потребни информации и каталози пред одржување на саемот.

Љубители на книги, започнете да ги составувате списоците. Да се надеваме на многу дружење и добри попусти!

Leave a comment