Македонска поезија: „Сè друго надежта ќе го стори“ од Анте Поповски

На денешен ден, 3 јуни, во 1931 година, се родил еден од најзначајните македонски поети, Анте Поповски! Денес во негова чест читаме прекрасни стихови од Анте Поповски!

„Сè друго надежта ќе го стори“ – Анте Поповски

Што е тоа цел ден што те врза
та ја дочека и ноќта наведнат
врз тие редови? Сам си, темно е
а ти продложуваш да читаш
преповторувајќи дека во секој од нас
постои искра која осветлува сè…

Не гасни ја!
Сè друго надежта сама ќе го стори…

Leave a comment