WholeReader – е-платформа за читање и проучување книжевност

WholeReader е „паметна“ платформа за читање е-книги со интегрирани алатки дизајнирани да го олеснат читањето и проучувањето на тешка литература. Читателот вклучува алатки за да се олесни и независното учење и, исто така, координираното од наставникот проучување во училницата.

Целта на WholeReader е да го промовира либералното образование преку премостување на тешкиот јаз помеѓу аспиративниот студент и тешката, но вредна литература. Осветн тоа корисниците можат да ја искористат за подобрување на англискиот јазик преку слушање, како и истовремено читање на книги од разни области и нивоа, како и многу други опции кои ги нуди платформата.

Како што се наведува на нивната веб-страница, креаторрите на оваа платформа сметаат дека изучувањето на добрата книжевност е најдоброто средство за втемелување на студентите во најважните филозофски прашања во животот. Оваа замисла им помага на студентите да учествуваат во широк дискурс за градење цивилизација што се протега назад до антиката и ја сочинува вистинската основа на цивилизацијата и ефективно граѓанство.

Самата платформа е поделена на неколку различни делови: Детска книжевност, романи, поезија, идеи, наука, историја и христијанска книжевност.

Пред да се претплатите, имате и можност претходно бесплатно да ја пробате страницата. Покрај веб-страницата, има и апликација за мобилен телефон.

Leave a comment