Што читаше Кафе и книги во септември?

Дојде октомври, а дојдоа и ладните и студени денови, па сега е одличен период за топла напивка и читање книга. Доколку се двоумите што да читате, можеби ќе се инспирирате од листата подолу.

Се случи едно лето“ – Теса Бејли

Издавачка куќа: ТРИ
Оцена: 5/5
Осврт
: Ова ми беше една од „најосвежителните“ романи кои ги прочитав изминатиот период. Ми дојде таман во време кога започна есента, а спомените од летните одмори беа уште свежи. Одлична, хумористична и забавна книга, која нема да сакате да ја испуштите од рака.

Пајпер е популарна девојка, посакувана на сите забави и популарни места, но често работите излегуваат од контрола, а по едно особено дива забава, нејзиниот богат очув за касна ја праќа во мало рибарско место, од каде што всушност потекнуваат таа и нејзината сестра. Таа сфаќа дека мора да се навикне на сосема поинаков живот, но полека запознава луѓе кои почнуваат да ѝ го менуваат погледот на свет.

Во време на стрес и тешки моменти, оваа книга е забавна, лесна, ќе ви ги оттргне грижите и ќе ви создаде убаво чувство.

Замок“ – Франц Кафка

Издавачка куќа: АНТОЛОГ
Оцена: 4.5/5
Осврт:
Кафка е еден од најуникатните гласови во книжевноста. Стилот на пишување, темите кои ги обработува, апсурдноста на сцените, препознатливиот хумор, ликовите – тоа се нешта кои се толку оригинални, толку специфични кај Кафка, што е невозможно да не ги препознаете од прва.

Она што го обожавам кај Кафка е тоа што на толку интересен начин ги разоткрива апсурдностите на бирократскиот систем, што на моменти може да се смееме на апсурдните сцени, сè додека не сфатиме дека всушност тие сцени ние ги живееме секој ден, со самото постоење во системот, иако на помалку драматизиран начин.

Во оваа книга, главниот лик К. доаѓа во едно село затоа што е најмен како геометар, но во процесот се соочува со големи тешкотии и никако не може да стигне до одговорните во замокот за да ја реши ситуацијата. Во приказната се јавуваат голем број интересни и чудни ликови, но сигурно ќе уживате и ќе размислувате додека читате.

За кого бијат камбаните“ – Ернест Хемингвеј

Издавачка куќа: АРС ЛАМИНА
Оцена: 4/5
Осврт
: Уште едно неверојатно дело на Хемингвеј кое дефинитивно го има заслуженото место во историјата на книжевноста. Неверојатен воен роман сместен во екот на граѓанската војна во Шпанија, чие дејство се одвива само во неколку дена. Роберт Џордан добива една тешка мисија која треба да ја исполни, но сфаќа дека има многу малку луѓе на располагање, а не сите се отворени за соработка.

Преку тие неколку кратки дена, но и преку навраќање за минати денови, добиваме неверојатна слика за граѓанската војна во Шпанија, но и многу други хуманистички теми.

Хемингвеј секогаш знае совршено да ги искомбинира овие теми на начин на кој иако се далечни, ги чувствувате блиски и се поврзувате со напишаното.

Времето secondhand: крајот на црвениот човек“ – Светлана Алексиевич

Издавачка куќа: БЕГЕМОТ
Оцена: 4/5
Осврт
: Светлана Алексиевич е добитничк на Нобеловата награда за книжевност, а годинава ја доби и наградата BookStar. Таа е можеби е најпозната по делата „Војната нема женско лице“ и „Чернобилска молитва“, а овојпат решив да продолжам со оваа неверојатна книга за распадот на СССР.

Следејќи го својот вообичаен и несекојдневен начин да пренесување на различни животни приказни, Светлана ни го покажува лицето на СССР и распадот на „црвената“ држава, преку сведоштвата на различни луѓе, кои опишуваат што се случувало пред, но и по распадот. Многу спротиставени, но навистина моќни сведоштва.

Анатомија на скандалот“ – Сара Вон

Издавачка куќа: Бата Прес
Оцена: 3.5
Освр
т: Дознава за оваа книга благодарејќи на успехот на истоимената серија на Нетфликс, но решив дека прво ќе ја прочитам книгата, а потоа ќе ја гледам серијата, па затоа денес таа е на оваа листа.

Се работи за интересен и интригантен трилер-драма, во која еден англиски политичар е разоткриен како ја изневерува својата сопруга. Но, кога мислат дека најлошото поминало, тој е обвинет и за силување. Кој е виновникот? Како се сите ликови поврзани меѓу себе?

Преку движење помеѓу сегашноста и минатото се запознаваме со различни луѓе, се обидуваме да ја откриеме вистината, но и да ги видиме животите и минатите искуства на овие интересни ликови.

Ќе ја прочитате за миг, бидејќи сакате да дознаете што ќе се случи следно.

Leave a comment