Македонска поезија: „Поглед“ од Блаже Конески

На денешен ден во 1921 година се родил Блаже Конески, еден од назначајните дејци во македонската книжевност и историја. Денес во негова чест читаме македонска поезија.

Поглед – Блаже Конески

Гледам во мрачното небо
преку полето
право таму каде што ридот
го притиска матното небо,
cè во истата посока,
упорно се вѕирам,
cè натаму, cè натаму,
сум го забил погледот
во истото матно небо,
длабам, длабам како со сврдел,
како да може погледот
да проникне подалеку
од ниското матното небо.

Leave a comment