Среќен роденден Кафе и книги!

Драги читатели на блогот и љубители на книги,

Пред точно осум години, еден мал блог со името „Кафе и книги“ ја здогледа светлината на денот. На овој масовен интернет простор полн со толку многу содржина, една девојка со љубов кон пишаниот збор реши да започне свое катче каде ќе пишува за книгите, ќе наоѓа интересни факти и информации кои би им се допаднале на други љубители на книги. И така, полека, сосема незабележително, блогот си го најде својот пат до многу читатели и секој си наоѓа по нешто за себе на оваа страница.

На блогот можете да најдете препораки за книги, да читате македонска поезија, да се инспирирате да гледате серии и филмови кои се екранизации или поврзани со книги, да наоѓате интересни информации и размислувања за книги и автор(к)и и уште многу други содржини. Во текот на изминатата година, блогот доби ново руво и сега изгледа малку поинаку и освежено.

Во текот на овие осум години беа напишани и објавени 1470 текстови, додека пак содржините на блогот биле прегледани 571.391 пати од страна на 384.263 посетители. Она за што сум особено горда е дека годинава блогот надмина половина милион прегледи, што е доказ дека има интерес и желба за книжевни содржини!

Ви благодарам многу за довербата и сигурна сум дека ќе продолжиме да се читаме, а јас ќе се потрудам блогот да расте и да остане интересен и поучен!

И како што веќе стана традиција, време е и да се потсетиме на најпопуларните објави на блогот за изминатите осум години и најпопуларните текстови во текот на една година. Како што можете да видите, различни теми се присутни меѓу најчитаните текстови, што значи дека читателите на блогот имаат разновидни вкусови!

Топ 10 најчитани објави за овие осум години

  1. Македонска поезија: „Очи“ од Ацо Шопов
  2. Злосторство и казна“: Кратка анализа на едно од најпознатите дела на Достоевски!
  3. Неколку факти за „Гарванот“ на Едгар Алан По!
  4. Трагедијата на големата љубов на Ана Каренина: Не можеше без него, не умееше со него!
  5. Вистинското куче кое било инспирација за „Повикот на дивината“ на Џек Лондон…
  6. Македонска поезија: „Цветови“ од Славко Јаневски!
  7. Македонска поезија: „Ако не си ти“ од Петре М. Андреевски!
  8. IN MEMORIAM: Најубавите мисли на Горан Стефановски!
  9. Македонска поезија: „Елегии за тебе“ од Кочо Рацин!
  10. 4 најдобри веб-страни за читање книги!

Топ 10 најчитани за периодот 4 март 2022 – 4 март 2023 година:

  1. Злосторство и казна“: Кратка анализа на едно од најпознатите дела на Достоевски!
  2. Македонска поезија: „Очи“ од Ацо Шопов
  3. Трагедијата на големата љубов на Ана Каренина: Не можеше без него, не умееше со него!
  4. Мобилни апликации кои ви овозможуваат читање книги на македонски јазик!
  5. „Чекајќи го Годо“: Помеѓу надежта и ништожноста…
  6. Вистинското куче кое било инспирација за „Повикот на дивината“ на Џек Лондон…
  7. Неколку факти за „Гарванот“ на Едгар Алан По!
  8. Прекрасни и извонредни мисли од „Пиреј“ на Петре М. Андреевски!
  9. IN MEMORIAM: Најубавите мисли на Горан Стефановски!
  10. Македонска поезија: „Елегии за тебе“ од Кочо Рацин!

Со цело срце и душа ви се заблагодарувам за секој прочитан ред и за секој споделен текст, за секој предлог и поддршка!

Срдечен читателски поздрав,

М.

Leave a comment