Денес на блогот читаме македонска поезија и стиховите на Петре М. Андреевски!
Лицето на зборовите – Петре М. Андреевски
Кога ја прашав баба ми
како да го запаметам
лицето на зборовите,
таа како да се врати
некаде оддалеку,
ме гушна и ми рече:
Нивното лице не е едно,
како и нашата мака
што не е само една
и не е само за еден!
Така во скутот на баба ми,
на нејзината шарена скутина
ја запознав мојата татковина.

