Поезија: „Трите најчудни зборови“ од Вислава Шимборска!

На 1 февруари 2012 година почина Вислава Шимборска, познатата полска писателка, поетеса и добитничка на Нобеловата награда за книжевност во 1996 година. Во нејзина чест, денес читаме поезија и нејзините стихови.

Трите најчудни зборови – Вислава Шимборска

Кога го изговарам зборот Иднина,
првиот слог веќе припаѓа на минатото.

Кога го изговарам зборот Тишина,
ја нарушувам.

Кога го изговарам зборот Ништо,
чинам нешто што ниедно небитие не може да го содржи.

Извор.

Leave a comment