Летна акција и ледени цени во „Матица“!

Без оглед на тоа дали веќе бевте на одмор или ќе одите, книжевните акции за освежување на домашната библиотека се секогаш добредојдени. Па така, од денес, па сè до 14 август, „Матица“ организира летна акција со освежувачки попусти.

Како што најавија на својата официјална страница на Фејсбук, тие нудат над 100 наслови по „замрзнати цени“ од 199 денари и бесплатна достава за нарачки над 1000 денари. Освен тоа, за нарачки над 1500 денари, ви следува и подарок – ваучер од 300 денари со важност до 21 септември.

На овој линк можете да ги ѕирнете книгите што се на попуст.

Leave a comment