Нова мобилна апликација на „Литература.мк“!

Под мотото „Мобилна книжарница за светот што се движи“, „Литература.мк“ ја објавија веста дека создале нова мобилна апликација преку која ќе можете да разгледувате и да купувате книги директно од вашиот мобилен телефон. Како што веќе знаете, пред извесно време „Литература.мк“ и „Купи книга“ се споија, па така „Литература.мк“ стана најголемата дигитална книжарница за купување книги. Сега, производите ќе бидат достапни и на вашите паметни телефони. Покрај, мобилната апликација, тие објавија и дека создале „3Д-водич во книжарниците“.

Мобилната апликација, која е достапна и за iOS и Андроид уреди, според „Литература.мк“, е многу лесна за користење и пребарување и ќе им заштеди време на читателите кои сакаат да пронајдат книга или некој друг поврзан производ. А како поттик за сите читатели, во овие два дена (9 – 11 октомври) со нарачка на било кој производ преку мобилната апликација може да се добие 15 отсто попуст за секоја нарачка.

Што се однесува до „3Д-водичот во книжарниците“, како што велат од „Литература.мк“, се нуди „ново виртуелно искуство“. Преку линкот може да се разгледа понудата во физичките книжарници на „Литература.мк“ – на ул. „Македонија“, ТЦ Буњаковец и во суперпродавниците во „Скопје сити мол“, „Ист гејт мол“ и „Дајмонд мол“. Според „Литература.мк“ преку овој водич „на купувачите им се овозможува онлајн-прошетка во книжарниците 24/7. Лесно е за ориентација и се заштедува време за купување.“

Извор.   

Leave a comment