Денес започнува фестивалот за литература и општа култура „Видик“!

Денес започнува второто издание на фестивалот за литература и општа култура „Видик“ кој ќе трае сè дo 16 април и е во организација на „Литература.мк“. Како што велат организаторите, „со иновативен спој на повеќе области на културата, фестивалот „Видик“ отвора нови културни видици, давајќи значајна поддршка на авторите од сите области на културата“.

(Извор: „Литература.мк“)

Доколку сте уметничка душа и обожавате културни манифестации, верувам дека сигурно неколку настани ќе ви го привлечат вниманието и ќе посакате да ги посетите, бидејќи програмата е разновидна и нуди за секого по нешто, од промоции и разговори за книги, до претстави и музички настапи.

Како што наведуваат организаторите, „присуството на музичките и на театарските настани е со влезници и со резервации на 070 391 100. Влезниците се достапни на www.literatura.mk и во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, и со секоја влезница следува подарок.“

Оваа манифестација годинава има и хуманитарен карактер, бидејќи средствата од продадените билети за музичките и театарските настани ќе бидат донирани за настраданите во ужасната несреќа во Кочани.

Целосните детали за програмата можете да ги погледнете тука, а за повеќе информации следете ја и официјалната страница на фестивалот „Видик“ на Фејсбук.

Leave a comment