Октомври е месец на есента, но и месец на многу книжевни акции. Денес започна и голема книжевна акција на „Сакам книги“ и ќе трае сѐ до 23 октомври. Како што е наведено на нивните профили на социјалните мрежи, четири нови изданија на „Сакам книги“ ќе бидат намалени за 20%. Се работи за „Кодот на Катерина“ од Јорн Лиер Хорст, „Кога жеравите летаат на југ“ од Лиса Ридзен, „Салто“ од Арндис Тораринсдотир и „Проколната земја“ од Клер Лесли Хол.

Покрај тоа, од „Сакам книги“ најавуваат и намалувања на одредени нивни изданија и до 50%, како и подароци. Акцијата важи во книжарниците на „Сакам книги“, како и со нарачување преку нивната веб-страница, а со нарачка над 2500 денари следува и бесплатна испорака.
За повеќе информации, следете ја нивната страница на Фејсбук.
