Поставена спомен-биста на Блаже Конески во Загреб!

Вчера, во паркoт Бундек во Загреб, свечено беше откриена спомен-бистата на македонскиот книжевник, поет, лингвист и академик Блаже Конески, темелникот на современиот македонски литературен јазик. Како што беше истакнато на официјалната страница на Амбасадата на Македонија во Хрватска на Фејсбук, „особена симболика носи фактот што овој значаен чин се одржа токму на 11 Октомври – Денот на народното востание, датум што го означува почетокот на борбата за слобода и достоинство на македонскиот народ.“

(извор: официјалната страница на Фејсбук на македонската амбасада во Загреб)

На настанот кој се одржал по иницијатива на Советот на македонското национално малцинство за Град Загреб, присуствувал и амбасадорот Драган Ѓурчевски, кој заедно со претседателката на Советот, Иринка Ангелова Попржан, ја откриле спомен-бистата.

Како што известија од македонската амбасада, во своето обраќање, амбасадорот истакнал дека „делото на Блаже Конески е траен завет — дека зборот е сила и дека културата е темел на народот, кој живее и надвор од своите граници – овде, во пријателска Хрватска.

(извор: официјалната страница на Фејсбук на македонската амбасада во Загреб)

Од Амбасадата додаваат и дека „овој чин претставува симбол на македонско-хрватското пријателство, како и на трајното негување и почитување на македонскиот јазик и култура.“

Извор: Амбасадата на Македонија во Република Хрватска

Leave a comment