Празнично книжевно одбројување и попусти во „Антолог“!

Празниците се одлично време за читање, а книгите се секогаш и одлична идеја за новогодишни подароци за љубителите на книги, па доколку барате нови книги за себе или подарок за некој љубител на книги, од денес па сѐ до 26 декември во „Антолог“ ве чекаат големи попусти на добро познати наслови, но и многу изненадувања!

Како што велат во нивната најава, тие ги повикуваат љубителите на книги „заедно да стигнеме до врвот на елката“, односно нудат скалести попусти за купени книги кои ќе одат по следниот редослед: за девет или повеќе книги добивате 40% попуст, за до осум книги попустот е 35%, до седум книги – 30%, до шест книги – 25%, до 5 книги – 20%, а ако купите до четири книги добивате 15% попуст.

Како што велат во нивното соопштение, дозволени се најмногу два примерока во една нарачка од една иста книга, а за секоја нарачка над 1 500 денари, испораката е бесплатна.

Акцијата важи во нивната книжарница и на нивната веб-страница.

Извор.

Leave a comment