На 20 јануари 2000 година почина еден од најпознатите македонски писатели и поети – Славко Јаневски. Во негова чест денес ги читаме неговите стихови.
Помен – Славко Јаневски
Гори езерото
оган на сеќавање го лиже.
Сонцето во пена на пајажина
се заплеткало осумкрако.
Ги нема веќе тишките цикутини
со ѓердан плашици на шија
Свети Наум на рамо да ги успие.
На бран прероден во лебед
седат покојници
со гаргара од синевина
грла си измиваат.
Прекрасни стари коси.
Во шупливоста нивна
денот и Прличев пеат
слово жалосно.
Мрена на рујни перки
сонцето од дно го поткрева
на мајката сончева син ѝ враќа.
Молкнат
на својата дланка заспивам.
Над мене црвена пастрка
ја носи на грб тврдината Самоилова.
Од збирката „Одбрани песни“, Скопје: Мисла, 1982

(извор: TUI.co.uk)
