Колку нивоа на читање постојат?

Сте се запрашале ли некогаш каков тип начини на читање има? Ова прашање го истражуваат Мортимер Џ. Адлер и Чарлс ван Дорен во својата книга „Како да читате книга?“. Оваа книга е многу поучна за сите читатели и студенти. Издадена е во 1940 година и се смета за вистински класик и одличен прирачник со одлични совети за сите посветени читател(к)и. Во неа, тие зборуваат за четири нивоа на читање:

1. Основно читање

Ова е најосновното од основното ниво. Ова е вашиот темел како читател(ка). Пред да започнете каков било проект, најпрво треба да знаете да ги разбирате основите на граматиката, структурата на реченицата и интерпукциските знаци. Книгата не може да ви даде знаење во овој дел. Наместо тоа, писателите претпоставуваат дека штом сте стигнале до половина на книгата, вие веќе сте го постигнале ова ниво на читање.

13177823_873728546071273_3672441797072382101_n

2. Инспекциско читање

Наредното ниво, познато и како површно читање, бара малку повеќе концентрација. Поентата на инспекциското читање  е човек за 10-15 минути да научи што е можно повеќе од книгата. Ова значи читање на содржината, првото поглавје, а можеби и последното. По инспекциското читање, ќе имате многу подобра замисла за тоа дали би продолжиле да ја читате книгата.

3. Аналитичко читање

Овој тип на читање е како сунѓерот кој впива вода. На ова ниво читателот веќе целосно го впива она што авторот се обидува да каже. Сепак, не се сите книги создадени еднакви или како што рекол Френсис Бејкон: „Некои книги се создадени за да се вкусат, некои за да се проголтаат, а некои за да бидат проџвакани и сварени.“ Во теорија, откако аналитички ќе ја прочитате книгата, треба да имате идеја за тоа како ќе ја „конзумирате“ книгата што моментално ја читате.

4. Синоптичко читање

И доаѓаме до четвртиот и последниот чекор до усовршувањето на уметноста на читање: синоптичко читање. Можеби овој чекор не е праведен поеднакво да се аплицира на сите видови читатели, бидејќи повеќе се однесува на оние кои се занимаваат со истражување. Синтоптичкото читање се состои од читање на повеќе книги во исто време кои обработуваат слична тема.

Ова е одличен начин да научите нешто за одредена тема. Ако ги применувате и останатите чекори, многу полесно ќе се надградувате на одредена тема и ќе научите како да ги соџвакувате најважните информации од книгите.

Ако сте страстен читател и ги спроведувате овие чекори, не постои граница до каде можете да учите.  А доколку не знаете што да читате, во самата книга „Како да читате книга?“ има листа со препораки од авторите на книгата. Листата е многу обемна, навистина имате голем избор за да се инспирирате и истата можете да ја прочитате тука.

Leave a comment