Специјален книжевен настан во „Сакам книги“ по повод 8 Март!

Во пресрет на 8 Март, Меѓународниот ден на жената, оваа сабота (7 март) во книжарницата „Сакам книги“ во Лептокарија, со почеток од 12 часот, се организира интересен и забавен настан наменет пред сѐ за жените и девојките.

Под мотото „Секоја жена има своја приказна“, посетителките може да очекуваат дискусии, инспирација и добра енергија. Како што се наведува во најавата, таму ќе бидат присутни авторки, преведувачки, уреднички и читателки, и како што велат во најавата, „жени кои стојат зад приказните што ги сакаме, но и жени кои живеат свои моќни приказни.“

Се работи за настан кој ќе биде во опуштена атмосфера, искрен муабет за жените во книжевноста, за пишувањето, создавањето, храброста и гласот, а за време на настанот ќе има и дополнителен попуст на книгите за сите присутни.

Во својата покана, „Сакам книги“ велат:

Дојдете да слушнете.
Дојдете да споделите.
Дојдете да си ја пронајдете следната омилена приказна.

Извор: Официјален настан на Сакам книги на Фејсбук

Leave a comment