Инфографик: Историја на забрануваните книги!

Низ текот на историјата, голем дел книги биле цензурирани или забранети заради нивната содржина. Некои од нив заради политичката содржина, некои пак, заради експлицитни содржини и многу пцости. Дел од нив сè уште се забранети во некои држави. Денес ќе ви претставам еден инфографик со листа на забранувани книги.

Следува листа на забранети книги, во кои земји биле/се забранети и причината за тоа.

1. Библијата
~  Издадена: 1440 година
~  Забранета во:
    СССР: 1926 – 1956 година, заради социјалистичкото уредување кое не признавало религии, а во СССР со акцент на христијанството.
   Етиопија: 1986 година, пратка со 40.000 примероци од Библијата наменети за црква во Етиопија се задржани на неодредено време.

2. „Комунистичкиот манифест“ – Карл Маркс и Фридрих Енгелс
~  Издадена: 1848 година
~   Забранета во:
Турција: 1848 – 2013 година, заради тоа што промовирала комунистички идеали.

3. „Повикот на дивината“ – Џек Лондон
~  Издадена: 1908 година
~  Забранета во:
    Нацистичка Германија: 1933 – 1945 година, затоа што сметале дека е „премногу радикална“.

4. „Улис“ – Џејмс Џојс
~  Издадена: 1922 година
~  Забранета во:
   Велика Британија: 1922 – 1930-тите, заради експлицитни и контроверзни сексуални теми.

5. „Бунарот на осаменоста“ – Радклиф Хол
~  Издадена: 1928 година
~  Забранета во:
  Велика Британија: 1928 – 1949 година, банирана е заради лејзбејска тематика, но повторно е објавена во 1949 година.

6. „Љубовникот на Лејди Чатерли“ – Д. Х. Лоренс
~  Издадена: 1928 година
~  Забранета во:
    Велика Британија: 1928 – 1960 година, заради непристоен јазик и експлицитни секс сцени.

7. „Храбар нов свет“ – Олдос Хаксли
~  Издадена: 1932 година
~  Забранета во:
    Австралија: 1932 – 1937 година, во тој перииод биле изгорени сите примероци од книгата во австралиските библиотеки биле изгорени.

8. „Раковиот напоредник“ – Хенри Милер
~  Издадена:
1934 година
~  Забранета во:
САД:
1934 – 1965 година, окарактеризирана како „непристојна“
Канада:
1938 – 1964 година, поради истата причина како и во САД.

9. „Однесено со виорот“ – Маргарет Мичел
~   Издадена: 1936 година
~  Забранета во:
     Русија: 1936 – 2001 година, забранета од страна на комунистичкиот режим

10. „Животинска фарма“ – Џорџ Орвел
~    Издадена: 1945 година
~   Забранета во:
Русија: 1945 – 1980-тите, заради критика на комунистичка Русија.
Куба: 1945 година до денес, заради тоа што го критикува комунизмот.
Кенија: 1991 година до денес, се критикувале корумпирани лидери.
Кина: 1945 година до денес, англиската верзија е забранета, но постои цензурирана верзија на кинески јазик.
Соединетите Арапски Емирати: 2002 година до денес, заради сцени и слики кои ја навредуваат исламската култура и одат во спротивност на вредностите на Исламот.

11.  „1984“ – Џорџ Орвел
~    Издадена: 1949 година
~   Забранета во:
СССР: 1950 – 1990 година, Сталин знаел дека е напишана врз основа на неговото лидерство. За малку ќе била забранета и во Велика Британија и САД за време на Студената војна и кубанската нуклеарна криза (во 60-тите години на 20 век)

12. „Лолита“ – Владимир Набуков
~  Издадена: 
1955 година
~  Забранета во:
Велика Британија:
1955 – 1959 година, забранета поради непристојност. Британската царина ги запленувала примероците кои биле увезувани од странство.

13. „Зелени јајца и шунка“ – Др. Сус
~   Издадена:
1960 година
~   Забранета во:
Кина: 
1965 – 1991 година, затоа што го опишувала марксизмот.

14. „Сатански стихови“ – Салман Ружди
~  Издадена:
1988 година
~ Забранета во:
1. Од 1988 година до денес, од религиозни причини е забранета во:
– Индија
– Бангладеш
– Судан
– Јужна Африка
– Шри Ланка
2. Од 1989 година до денес, од религиозни причини е забранета во:
– Египет
– Кенија
– Либерија
– Пакистан
– Катар
– Сенегал
– Сомалија
– Тајланд
– Индонезија
– Кувајт
– Малезија
– Папуа Нова Гвинеја
– Саудиска Арабија
– Сингапур
– Танзанија
– Венецуела

15. „Американски психопат“ – Брет Истон Елис
~ Издадена:
1991 година
~ Забранета во:
Квинсленд, Австралија: 1991 година до денес, продажбата е теоретски забранета, но може да се најде нелегално.

16. „Кодот на Да Винчи“ – Ден Браун
~ Издадена:
2003 година
~ Забранета во:
Либан:
2004 година до денес, католичките лидери ја осудија заради навредлива содржина кон Христијанството.

Во продолжение погледнете го инфографикот, а во некоја наредна прилика ќе пишувам и за детски книги кои биле забранети, како и книги кои во средните училишта биле забранети од вакви или онакви причини.

0-ygfdfxj-ppswfbbu

2 comments

Leave a reply to Видео: Кои книги најчесто биле банирани и зошто? | Кафе и книги Cancel reply