Мисла на денот: Честит Ден на македонскиот јазик!

Честит нека ни е Денот на македонскиот јазик! Со решение на АСНОМ од 2 август 1944 година, донесено во манастирот Прохор Пчински, македонскиот јазик беше заведен како службен јазик на македонската држава. Потоа, на 5 мај 1945 година, со решение на Народната влада на Федерална Република Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик, а по два месеца, на 7 јуни 1945 година, се усвојува првиот правопис на македонскиот јазик. Да продолжиме да го негуваме и развиваме! Во чест на овој ден, денес се потсетуваме на овој одличен извадок од „За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков!

Leave a comment