Промоција на поетската збирка „Кула крај море“ од Влада Урошевиќ!

Меѓу разновидните новитети на Саем на книга, една од книгите што се истакна беше и поетската збирка „Кула крај море“ од Влада Урошевиќ, одлична збирка на прекрасни поеми која веќе беше препорачана на блогот во рубриката со месечните препораки. Со цел да се доближи книгата до македонската публика, денес (6 мај), со почеток од 19 часот, во литературното кафуле „Метаноја“ ќе се одржи официјална промоција на поетската збирка, а промотор ќе биде Иван Џепароски.

Како што се наведува во официјалната најава за настанот, „Кула крај море“ е една од најзрелите и најмистично градени збирки на Влада Урошевиќ. Синтеза на речиси сите негови опсесии: митот, сонот, симболот, метафизиката, морето и огледалото на зборот. Збирката е подредена како серија визии, секоја песна како камен во мозаикот на едно големо алегориско градење, кулата како место на созерцание, чекање и создавање. Збирката содржи 76 песни поделени во пет тематски циклуси, кои првпат се појавуваат во книга на Влада Урошевиќ.

Извор: Официјалниот настан на Фејсбук

Leave a comment