5 митови за Вилијам Шекспир!

Зарем се потребни зборови за да се опише Вилијам Шекспир, најголемиот драматург на сите времиња? Како ли би изгледал светот и литературата без „Ромео и Јулија“, „Отело“, „Хамлет“, „Макбет“, „Многу врева за ништо“ и останатите негови драми? Вилијам Шекспир е заслужен и за развојот на англискиот јазик. Голем дел од зборовите во англискиот јазик кои се користат денес се по заслуга на Шекспир.

Како и секоја важна историска фигура, околу него се испреплетени многу приказни и митови. Некои од нив се точни, некои не. Прочитајте ги 5-те најчести митови за Шекспир.

1. Шекспир не ги пишувал своите драми

Ова е еден од најчестите митови кој изгледа дека никогаш нема да изумре. Постојат многу шпекулации дека Шекспир бил плагијатор. Сепак, Шекспир бил добро познат драматург, актер и ко-сопственик на театар. Приказните и доказите дека не ги пишувал сопствените драми, кои би ги вклучиле и безбројните глумци, писатели, издавачи, слуги и соседи, сигурно ќе излегле на површина во периодот од 200 години до 1805 година, кога Џејмс Ковел ги напишал своите сомневања во едно сценарио кое се викало „Некои појаснувања за животот на Вилијам Шекспир“.

Сепак, поголема е веројатноста дека тоа е само плод на фантазијата на Џејмс Ковел, отколку дека Шекспир не ги пишувал драмите. Шекспир и во своето време бил признаен и популарен писател и драматург.

2. Шекспир имал исклучително голем вокабулар

Еден од најголемите митови за Шекспир е дека поседувал огромен вокабулар и дека бил мајстор за измислување нови зборови. Според претпоставките, неговиот вокабулар се движел од 20.000 до 30.000 зборови, во зависност од тоа како се броени. Дури и најеминентните експерти за Шекспировите дела верувале во овој мит.

Сепак, Хју Крег, кој го истражува Шекспир и неговото творештво, издаде есеј кој има за цел да го истражи обемот на вокабуларот на Шекпир. Заклучоците се дека неговиот обем на зборови кои ги знаел и користел бил сосема просечен, буквално на средина, додека Џон Вебстер е на врвот.

А што се однесува до создавањето зборови; и тука Шекспир е некаде на средината. Митот дека поседувал најголем вокабулар е заради тоа што неговите драми во најголем процент преживеале за разлика од неговите современици.

3. Шекспир не бил образован

Еден од соперниците на Шекспир напишал поема во којашто му вели: „иако ти знаеш малку латински и уште помалку грчки…“. Овој коментар, заедно со фактот дека Шекспир не се стекнал со високо образование, со векови ги зацврстуваат мислењата дека Шекспир бил или генијален или измамник.

Иако за неговиот соперник, неговиот латински бил ограничен, тоа не значи дека Шекспир немал образование. Ако неговото образование било како образованието на оние со сличен социо-економски статус, тој најверојатно одел на училиште во „Бесплатното граматичко училиште“ во Стратфорд. Списите на училиштето се уништени, но споредено со списите на слични училишта, тој сигурно учел латинска граматика, реторика и литература и уште еден куп најразлични предмети и сигурно читал дела на латински јазик.

4. Шекспир бил осамен уметник

Сите го замислуваат Шекспир како осамен волк, дека постојано бил сам и дека сам ги пишувал сите претстави, но тоа е речиси неверојатно. Во времето во кое живеел, сите претстави се пишувале во соработка со други драматурзи. Шекспир не бил исклучок од ова непишано правило.

5. Љубовната поезија на Шекспир била напишана за жена

Филмот „Вљубениот Шекспир“ ги наведе речиси сите да мислат дека романтичната нишка кај Шекспир била инспирирана од жена. Сепак, многу малку се зборува за фактот дека има голема веројатност првите 126 од 156-те сонети на Шекспир да се посветени на маж, на одреден „г-дин В.Х“.

Други тврдат дека е сепак наменето на некоја жена. Според одредени академици кои го истражуваат животот на Шекспир, тој бил заљубен во жена која била позната како „Темната жена“ и се вели дека нејзината потемна кожа би била поголема општествена пречка и скандал отколку неговата афера со маж.

Ова е едно од прашањето за кое сè уште нема цврсти докази и кое ја подели книжевната академска заедница.

Leave a comment