Македонска поезија: „Не, не зборувај“ од Даница Ручигај!

Петок е прекрасен ден за читање македонска поезија, па затоа денес ги читаме стиховите на Даница Ручигај!

Не, не зборувај – Даница Ручигај

Не, не зборувај за очите
што се исушија

Во нив имаше една птица

Пристапи поблиску
и исцеди ја крвта на розите –
птицата ја убија.

Дојди не плаши се
очите веќе немаат сјај.

Дојди, затоа дојди
и отвори ги сите зелени лисја
нека влезе пролет
птиците на пролет се радуваат.

Leave a Reply