Денес започнува Пролетен саем на книга!

„Нема поевтина забава и подолготрајно задоволство од читањето.“

Оваа реченица стои на официјалната Фејсбук страна на Македонската асоцијација на издавачи, на која го најавуваат нивниот Пролетен саем на книга.

Во периодот од 27 март (денес) до 1 април (недела), ќе се одржи саем на книга во ГТЦ. На саемот ќе имате можност да се подновите со некои од изданијата на членките на МАИ: „Арс Ламина“, „ТРИ“, „Антолог“, „Сакам книги“, „Полица“, „Култура“, „Едука Мак“, „Топер“ и „Ѓурѓа“.

28954181_548009795554623_7285083219276737681_o

Ова е супер прилика да направите пролетно освежување на домашната библиотека пред претстојниот Саем на книга кој ќе се одржи во мај.

За повеќе информации следете ја официјална страна на МАИ (тука).

 

*сликата е преземена од официјалната Фејсбук страна

2 comments

    • Се мисли на тоа дека за книга не се потребни илјадници денари, дека човек не мора да се троши премногу, а сепак се забавува и ужива. 🙂

      Like

Leave a comment