Мелба и Тед Ватли од Остин, Тексас (САД) имаат домашна библиотека од 10.000 книги! Замислете го тој прекрасен дом! Библиотеката е огромна и е поврзана со нивниот дом преку една патека. Библиотеката била дизајнирана од Карлос Хименез, професор на Универзитетот „Рајс“. И во библиотеката има 10 000 книги! (со зборови: ДЕСЕТ ИЛЈАДИ КНИГИ!!!)

Кога нејзиниот сопруг решил да се преселат во Остин, Тексас, Мелба решила да ги преземе работите во свои раце. Тие двајца во текот на животот собирале книги и се стекнале со значителна бројка книги. Тед е професор по историја, па така и самиот имал многу историски и биографски книги. Како активист и проучувач на Античка Грција, Мелба има огромна збирка од уметнички книги. Кога ги споиле книгите, нивната библиотека станала толку масивна, што им била потребна посебна градба во која ќе можат да ги соберат сите книги кои ги имаат.

Зарем ова не е сонот на секој љубител на книгите?


